Википедија:Прегледнички предлошкиПрегледничка предлошка (порано: навигационен шаблон) — збир врски што се користат во низа сродни статии за олеснување на преоѓањето од една на друга. Уредувањето на предлошката се прави од едно место — предложната страница. Постојат два основни вида прегледнички предлошки: прегледнички кутии (или прегкутии) — предвидени да стојат на дното од статијата и страничници — наменети да стојат странично од текстот. Овие два вида се надополнуваат и може да се користат посебно или заедно, зависно од случајот. Тие се создаваат со матичните предлошки {{прегкутија}} или {{страничник}}, што давааат доследен и еднообразен распоред. Друг начин на ставање на дадена прегледничка предлошка е со нејзино прекопирање од друг јазик (друго вики) и преведување на внесените поими (десно од параметарскиот знак „=“). Прегледничките кутии се заведуваат во Категорија:Прегледнички кутии. TypesДвата главни вида на прегледнички предлошки се прегкутии и страничници. Имаат иста цел, но разлижна положба во статијата.
Двата вида прегледнички кутии не се косат меѓу себе, туку можат да се надополнуваат или користат поединечно во разни ситуации. Главните разлики меѓу нив се следниве:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia