На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грнчишта (Grnčišta) како мешано село, сочинето од Македонци христијани и Македонци-муслимани.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци и 150 Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Грнчиште е македонско село, а порано во селото имало и муслимани.
Според истражувањата од 1920-тите години, родови во Грнчиште биле:
Македонски родови:Илевци (8 к.), Карабатовци или Карпузовци (2 к.) и Мишковци (1 к.) овие три рода потекнуваат од Иле, Коле и Мишко кои го основале селото кон крајот на XVII век; Кушковци (5 к.) доселени се на почетокот од XVIII век од прилепското село Никодин; Дашковци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Црквино; Маџаровци (5 к.) доселени во исто време со претходните родови, доселени се од некое село во околината на Колоња во Албанија; Ристовци (5 к.) време на доселување како претходните родови, доселени се од селото Ногаевци; Малинковци (1 к.) бегот ги донел однекаде во средината на XVIII век.
Муслимански родови биле:Говедаровци (26 к.) се делат на Мутовци, Селмановци, Зуликаровци, Камберовци, Каплановци, Ќилимовци, Смајиловци, Мунишовци-Кусибацевци, Џаферовци и Дурмишовци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Кочилари, по потекло се Јуруци; Мемедовци (4 к.) доселени се од селото Виничани на почетокот од XIX век; Куковци (3 к.) доселени се од Сирково на почетокот на XIX век; Абдишовци (1 к.) доселени се од некое село Татарлија во Овче Поле; Имерчевци (2 к.) и Чабревци (2 к.) доселени се од Оризари (велешко), по потекло се Јуруци; Демировци (1 к.) доселени се од Црквино; Алијовци (7 к.) гранка се од православниот род во селото Карпузовци.[14]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грнчиште, Виничани, Скачинци.[15]