Убого — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа југоисточно од Велес, на околу 8 км северно од општинското седиште Градско. Сместено е од левата страна на реката Вардар, на надморска височина од 160 м.[3]
Историја
Подрачјето на Убого е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ногаевски Пат во непосредна близина на селото.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[9]
Населението на Убого значајно нараснало во повоениот период, со речиси исклучив прилив од македонско население. Подоцна се доселиле и поголем број Албанци[3], како и доста лица чија народност во пописот не се определена (т.е. сместена во „останати“). Почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Убого немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 136-137.
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.