Селото се наоѓа во областа Клепа, меѓу планинските села во југозападниот дел на општината. Седиштето Градско е источно од Двориште, во плодната долина на Вардар.
Историја
Подрачјето на Двориште е населено уште од доцната антика, зашто сведочи наоѓалиштето Кале (или Клепа) источно од селото.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Дворишта (Dvorišta) како македонско христијанско село.[5][9]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
33
—
1953
19
−42.4%
1961
34
+78.9%
1971
3
−91.2%
1981
2
−33.3%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[10]
Селото почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1980-тите. Така, во 1961 година најпрво броело 34 жители Македонци, за после многу брзо да се исели. Последно во 1981 година имало само 2 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Двориште немало жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
Староседелци:Илијовци (7 к.)
Доселеници:Матовци (9 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Водоврати; Најдовци (1 к.) доселени биле во 1885 година од селото Долно Чичево; Мацини (1 к.) доселени биле во 1898 година од селото Долно Чичево.[15]