Куридере (понекогаш Кури Дере) — село во Општина Градско, во околината на градот Велес. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
Селото е сместено југоисточно од Велес, а северозападно од општинското седиште Градско. Низ него тече потокот Карајар, што е воедно името на возвишението северно од селото.[3]
На етничката карта од 1927 година г. Леонард Шулце Јена го означил Курудере (Kurudere) како турско село.[6]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
264
—
1953
293
+11.0%
1961
49
−83.3%
1971
13
−73.5%
1981
1
−92.3%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[7]
Сè до 1950-тите Куридере било исклучиво турско село. Со заминувањето на Турците, во таа деценија тука се доселиле извесен број Албанци и неколку Македонци. Во текот на 1970-тите бројот на жители значајно опаднал, и бројот на Албанци и Македонци речиси се изедначил поради одливот на албанското и прилив на македонско население.[8] Во 1981 г. во селото останало само едно лице (Македонец), за потоа селото да биде сосема испразнето. Според пописот од 2002 година, Куридере немало ниеден жител.[2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници:Ајвазлар (6 к.), Сулишлер (8 к.), Козелер (12 к.) и Манафлар (14 к.) сите биле стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Трлар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кочилари во 1907 година; Кадир (1 к.) и они потекнуваат од домазет доселен од селото Лештина кај Призрен; Бајрам Амилар (1 к.) доселени од селото Кочилари во 1913 година.[13]
Иселеништво
Најголем број од населението е иселено во Турција.