Скачинци — село во Општина Градско , централна Македонија. Денес нема жители.[ 2]
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Клепа , на десниот брег на реката Вардар , 20 км јужно од Велес во јужното подножје на врвот Куен.
Историја
Подрачјето на Скачинци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[ 3]
Во XIX век Скачинци било македонско село во нахијата Клепа во Велешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Троица “ е од 1870 г.[ 4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Скачанци (Scatchantzi) било село со 48 домаќинства од 226 жители Македонци .[ 5] [ 6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. Скаченци имало 500 жители, сите Македонци христијани.[ 5] [ 7]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во Скачинци (Skatchintzi) имало 520 Македонци, сите под егзархијата.[ 5] [ 8]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Скачанци (Skačanci) како македонско христијанско село.[ 5] [ 9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци .[ 10]
Стопанство
Скачинци е ридско село со полјоделско -сточарска функција. Преовладуваат пасиштата , а обработливото земјиште зафаќа значително помала површина.[ 11]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 236 — 1953 173 −26.7% 1961 116 −32.9% 1971 4 −96.6% 1981 26 +550.0%
Година Нас. ±% 1991 4 −84.6% 1994 1 −75.0% 2002 0 −100.0% 2021 0 0.00%
Селото е речиси иселено некаде 1960-тите, за во 1971 година да останат само 4 лица. Во текот на 1970-тите селото било конечно напуштено, и во него се доселиле неколку албански семејства (26 лица). Во следната деценија од него се иселиле и тие жители, повторно сведувајќи се на 4 жители Албанци. Во 1990-тите сите тие го напуштиле селото, и во него се вратил еден жител Македонец .[ 12] Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[ 2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
500
520
236
173
116
4
26
4
1
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 13] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 14] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 15] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 16]
Родови
Скачинци било македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
Староседелци: Ордевци со Чаушовци, Илевчевци, Маневци, Поп-Теовци и Мицековци (14 к.), Бошковци со Трајковци, Манасијовци, Стојановци и Бошковци (9 к.), Крстевци и Буревци (10 к.), Карафендоловци (10 к.), Таневци (3 к.), Марковци и Поповци (8 к.), Камчевци (6 к.), Пецевци (2 к.), Тодоровци (1 к.) и Геговци (2 к.)
Доселеници: Петровци (1 к.) потекнувале од домазет доселен во 1919 година од Велес .[ 17]
Општествени установи
Цркви
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија , сместено во просториите на основното училиште во Виничани . Во избирачкото место се опфатени населените места: Скачинци, Виничани , Грнчиште .[ 18]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[ 19]
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Врчва — населба од доцноантичко време
Долни Дабје — населба од доцноантичко време
Кале — градиште од доцноантичко време
Редовни настани
Личности
Иселеништво
Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес . А иселеници имало и во Приштина (од родот Мицековци ) и др.
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021 .
↑ Грозданов, Цветан ; Коцо, Димче ; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2 . Скопје: МАНУ . стр. 81. ISBN 9989-649-28-6 .
↑ „Парохија Градско - цркви и манастири“ . Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 16 февруари 2014 .
↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180 - 181.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 272. ISBN 9989-862-00-1 .
↑ Скачинци — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) [мртва врска ]
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. CS1-одржување: друго (link )
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020 .
↑ Фељтон: Илинденски сведоштва : од Сута Бочварова од град Титов Велес (20)
Надворешни врски
Грбот на Општина Градско Раселени Историски