Феликс Блох
Феликс Блох (германски: Felix Bloch 23 октомври 1905 — 10 септември 1983) — швајцарски физичар, кој главно работел во САД.[1] Живот и работаБлох се родил во Цирих, Швајцарија, син на евреи,[2] Густав и Агнес Блох. Се образувал во ЕТХ Цирих. Првенствено студирал инженерство, но подоцна се префрлил на физиката. Во овој период тој посетувал семинари и предавања на Петер Дебај и Херман Вајл во ЕТХ Цирих и Ервин Шредингер во соседниот Циришки универзитет. Негов пријател студент на овие семинари бил Џон фон Нојман. По дипломирањето во 1927 продолжил со изучувањето на физиката во Лајпцишкиот универзитет со Вернер Хајзенберг, докторирајќи во 1928. Неговата докторска теза се засновала на квантната теорија за цврстите материи, употребувајќи ги Блоховите бранови да ги опише електроните. Останал во европската академија, студирајќи со Волфганг Паули во Цирих, Нилс Бор во Копенхаген и Енрико Ферми во Рим пред за замине во Лајпциг сметајќи на позицијата како постојан професор. Во 1933, одма по доаѓањето на Хитлер на власт, ја напуштил Германија бидејќи бил Евреин.[3] Емигрирал за да работи во Стенфордскиот универзитет во 1934. Есента 1938, почнал да работи со Калифорнискиот универзитет во Беркли за да го определи магнетниот момент на неутронот.[4] Блох заминал со цел да стане првиот професор по теоретска физика во Стенфорд. Во 1939, станал официјален граѓанин на САД. За време на Втората светска војна работел на јадрената енергија во националната лабораторија во Лос Аламос, пред да одбие да се придружи на проектот Радар во Харвард. По војната се фокусирал на истажувањето на јадрена индукција и јадрена магнетна резонанција.[5] Во 1946 ги предложил Блоховите равенки кои ја определувале временската еволуција на јадрената магнетизација. Тој и Едвард Милс Персел биле наградени во 1952 со Нобелова награда „за развојот на нови методи за прецизни магнетни јадрени мерења и откритијата поврзани со нив“.[6] Во 1954-1955, работел една година како прв генерален директор во CERN. Во 1961, бил прогласен за Макс Штајнов професор по физика во Стенфордскиот универзитет. Во Стенфорд, бил советник на Карсон Д. Џефрис, кој станал професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Беркли. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia