Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).
Историја
Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.
Во дефтер од 1519 г. Влашци имало 98 христијански домаќинства, 4 вдовици христијанки и 10 ергени христијани. Во дефтерот од 1583 се води со 93 христијански семејства, 38 ергени христијани и 1 муслиман кој имал баштина (задолжбина).[2]
Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
305
1953
126
—
206
—
—
—
—
1
—
333
1961
121
1
217
—
—
—
—
—
—
339
1971
103
—
209
—
—
—
—
—
—
312
1981
97
16
241
—
—
—
—
4
—
358
1991
28
4
164
—
—
—
—
5
—
201
1994
28
4
113
—
—
—
—
—
—
145
2002
18
2
113
—
—
—
—
1
—
134
2002
13
6
98
—
—
—
—
—
1
118
Родови
Куќа во западниот дел на Лавци.
Лавци е македонско-турско село.
Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[7]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
Доселеници:Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;
Муслимански
Староседелци:Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.)
Доселеници:Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.[8]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на Акиф Селимовски.[9]
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)