Езерани
Езерани (многу ретко се сретнува и како Езерени) — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро. Потекло на иметоСелото најпрвин запишано како Езерани се сретнува во турските пописни дефтери од 1568-69 година. Името му доаѓа од самата близина на Преспанското Езеро.[2] Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е етничко, образувано со помош на наставката „-ени“ и потекнува од апелативот „езеро“, што во потполност се совпаѓа и со преданијата на денешните езеренци.[3] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во средишниот дел на Преспанската Котлина, на територијата на Општина Ресен, чиј атар се допира со северниот брег на Преспанското Езеро.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 857 метри. Од градот Ресен е оддалечено околу 8 километри.[4] Езерани се наоѓа во јужниот дел на Ресенското Поле, на околу три километри северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, од десната страна на Голема Река, поврзано со асфалтен пат од селото Царев Двор. Низ атарот на селото тече Голема Река, која во минатото честопати ги поплавувала нивите.[3] Езерани е село од собран тип со 60 куќи, повеќето обновени или новоизградени во современ стил, а внатре опремени. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини. Според самата групираност на куќите може да се подели на две маала: Радевско и Маневско.[3] Езерани се граничи со следниве села: со Царев Двор и Горна Бела Црква на север, со Подмочани и Грнчари на исток, со Асамати и самото езеро на југ и на запад со селата Перово и Дрмени.[3] Месности во атарот на селото се следниве: Бранејнца, Вршица, Вител, Влогон, Вис, Визоо Лаѓе, Гумења, Гољон, Гојдарникон, Езерани, Жерајца, Зајмица, Иванден, Корија, Кочона, Ралеи Куќи, Куќиште, Ливачко Речиште, Лозјана, Лазон, Мерана, Манескине Ниви, Нисија, Прешленкон Мост, Пануклар, Под Село, Прекоп, Ракидјено, Радескине Ниви, Ружин Гроб, Старо Село, Стара Река, Ќошон, Шириње, Широкион и други.[3] Селото добило електрична енергија во 1958 година, телевизиски прием во 1965 година, асфалтен пат во 1980 година, а со телефонски приклучоци во 1988 година.[3] ИсторијаЕзерани трипати ја менувало својата местоположба, секогаш поместувајќи се кон север. Како претходни положби се споменуваат Нисија или Грмада, Старо Село и Куќиште, кои се наоѓаат 2 до 3 километри јужно од денешното село. Причина за поместувањето секогаш било поплавувањето од езерото. Езеренци во месноста Нисија до неодамна се забележувале остатоци од пат, црква и гробишта.[3] Во верувањето меѓу мештаните се раскажува дека во месноста Старо Село живееле заедно езеренци и дрменци, која била поделена (второ преместување). Тогаш, Турците од Старо Село отишле во Дрмени, додека христијаните се преселиле во Куќиште (трето преместување). Околу 1800 година, христијаните од Куќиште се преселиле на денешното подрачје. Ова кажување го поткрепува фактот што во близина на црквата „Раѓањето на Св. Јован“ во Старо Село постоела џамија, по која месноста го добила името Дрменска Џамија.[3] Езерани е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под различен облик на денешното име (Езерно, Ечерени, Језерени, Езеране, Езерени и Езерани) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано е споменато во Слепчевскиот кодик од XVI век.[3] Во XIX век, Езерани се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. До 1912 година, Езерани било под турска власт, а со тоа и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало активно. Во текот на востанието загинал 1 жител, а големи борби се воделе на просторот помеѓу Езерани и Подмочани.[3] Во Првата балканска војна (ноември 1912 г.), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна (октомври 1915 г.) под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, езеренци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.[3] По завршувањето на Првата светска војна, Езерани повторно се нашло под српска власт.[3] Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Во текот на војната загинал еден жител.[3] Во 1944 година во селото бил создаден НОО.[3] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 6,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина 312,1 хектар, пасиштата заземаат 108,1 хектар, додека на шумите само 37,6 хектари.[4] Селото, во основа, има полјоделска функција.[4] Мештаните се занимавале со полјоделство, сточарство, риболов и пчеларство. До 1960-тите години најмногу се сеело жито (пченица, јачмен и пченка), се саделе градинарски култури (пипер, домати, зелка, лук, кромид, грав, компир и друго). Денес, преовладуваат овошните насади со јаболка. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале волови, коњи, овци и кози. Денес, оваа гранка е целосно замрена.[3] Доста се одело и на печалба.[3] Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дела во 1873 г. Езерани било село со 25 домаќинства и 70 жители.[5] Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година во селото имало 240 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Езерани имало 280 Македонци под врховенството на егзархијата.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Езерани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9] Селото е мало и во 1961 година броело 345 жители, а во 1994 година 217 жители, македонско население.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Езерани живееле 203 жители, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 137 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЕзерани е македонско село.[3] Родови во селото се: Андреевци, Буровци, Ѓоргијовци, Кузмановци, Маневци, Мановци, Петревци, Радевци, Стојановци, Стефановци, Ќосевци, Чингаровци, Џеповци, Шаговци и Шушевци. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:[15]
Општествени установи![]()
Со своја прва училишна зграда селото се здобило во 1922 година.[3] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подмочани, во која покрај селото Езерани, се наоѓале и селата Асамати, Горна Бела Црква, Грнчари, Долна Бела Црква, Козјак, Курбиново, Подмочани, Претор и Рајца. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Долна Бела Црква, во која влегувале селата Горна Бела Црква, Долна Бела Црква, Езерани и Козјак. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1662 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 145 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]() ![]()
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
ИселеништвоЕмиграцијата во Езерани е голема, а најголемиот број од луѓето се иселувале во Австралија, како и во Америка. Постари иселеници до 1949 година има највеќе во Аргентина (петнаесет семејства), помалку во Бугарија (три семејства), Канада (едно семејство), САД (три семејства), и во Турција (едно семејство).[15] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia