Тумчевиште
Тумчевиште (дијалектно: Тумчејште; Тумчеиште) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар. Потекло и значење на името![]() Името на селото првпат е забележано во XVI век како Тумчевиште и Тумчодиште (1568-69 г.). Името на селото потекнува од Тумчево, што има значење „место каде што се наоѓало Тумчево“ или пак од личното име Тумче (Томче), деминутивен облик од Тома.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Гостивар, од левата страна на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од околу 490 метри.[3] Тумчевиште е мало полско село, на југ се наоѓа плитката долина на Пожаранска Река, а околни села се Чегране, Волковија, Врапчиште и Топлица. До 1947 година, водата за пиење се добивала од бунари.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Дебрешница, Стара Маздача, Љушојца, Прекачи, Горно Поле, Долно Поле и Фалише.[4] Селото има збиен тип, поделено е на две маала: Долно и Горно Маало.[4] ИсторијаЗа првпат, Тумчевиште се споменува во 1461 или 1462 година. Тогаш во една пресуда се наведува дека границата на вакуфот на Мехмед-бег од Тетово се простира западно од Тумчевиште, до патот што води за Топлица, и на патот што води од Тумчевиште за Пиргос (Пирок).[4][5] Вторпат се споменува во 1470 година.[6] Тогаш имотот на Мехмед Кјебир Челебија кој го дал на своите двајца синови се наведува дека допира до атарот на селото Тумчевиште.[4] Според народната традиција, Тумчевиште се смета за старо село. Некогаш селото имало преку 400 куќи, две цркви, еден манастир и поседувало шуми и пасишта на планината Сува Гора. За време на турското владеење, селото било уништено, а манастирот и црквите запалени. Тогаш голем дел од селскиот атар бил разграбан од страна на околните села, а мештаните од Тумчевиште во најголем дел се иселиле. Северно и источно од селото во нивите се наоѓаат темели на некогашните куќи и манастирот.[4] После тоа селскиот атар го присвоил Аљил-ага и преживеаните селани ги приморал да работат во чифлигот. После неговата смрт, неговата вдовида се омажила за Изеир-ага, а неговата ќерка за Идриз-ага, кои веднаш потоа го поделиле селото и земјата. После нивната смрт, нивните наследници го распарчиле и тоа земјиште на повеќе делови. Агите во селото имале посебна кула во која домувал ќаја, кој ја имал задачата да го застапува сопственикот, да ја набљудува работата на рајата и да ги распределува производите. Сопствениците на чифлизите го присвоиле и атарот на раселеното македонско село Смрдеш, кое се наоѓало на Сува Гора.[4] Тумчевиште во XX векСеланите се спасиле од чифлигарството во 1912 година. Таа година селото имало околу 30 македонски куќи.[4] Селото за време на Првата светска војна останало без значителен дел од населението, кои се иселиле поради несигурност. Дел од нив во 1927 година се вратиле назад и добиле државен имот во сопственост.[4] Селото по вторпат е разорено за време на Втората светска војна во 1943 година. Тоа го извршиле локалните Албанци од соседните села, особено тие од Чегране.[7] Тие насилно им ја одзеле земјата, а црквите и куќите биле запалени. Сите тие што преживеале, го напуштиле селото и сè до ослободувањето на Македонија до 1945 година живееле во Тетово, Гостивар, Скопје и околните македонски села. Во 1946 година селото почнало да се обновува со материјал кои го добиле од државата како помош.[4] Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[8] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 285 хектари.[3] Врз основа на составот на атарот селото Тумчевиште има полјоделска функција.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тумчевиште живееле 300 жители, сите Македонци христијани.[9] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тумчевиште имало 160 Македонци под врховенството на егзархијата.[10] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Тумчевишта е дел од Галатска општина во Горнополошкиот срез и има 22 куќи со 133 жители, Македонци.[11] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[12] Селото е мало и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 247, а во 1994 година 241 жител.[3] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 235 жители, сите Македонци.[13] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 250 жители, од кои 235 Македонци и 15 лица без податоци.[14] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТумчевиште е македонско село.[4] Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
ИселеништвоОд Тумчевиште се има иселено многу народ. Највеќе иселеници од ова село заминувале во градот Тетово, каде се смета дека има 50 семејства. Други иселеници има во Волковија (Пејовци, 12 к.), Лешница (Цветковци, 1 к.), Туденце (Димчевци, 12 к., Поповци, 6 к. и Мали Милошевци, 3 к.), Радиовце (Гушав Ѓоргија, 4 к. и Тантевци, 4 к.), Врапчиште (Кљункаровци, 2 к.), во Тетово целосно се иселил родот Дамјановци.[4] Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Тумчевиште било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Чегране. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар. Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Чегране, во која покрај Тумчевиште се наоѓале Волковија, Стенче, Форино и Чегране. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Чегране во која влегувале селата Тумчевиште, Форино и Чегране. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0509 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 198 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 196 гласачи.[21] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia