Горна Маала
Горна Маала — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Селото до 2014 година се водело како маало на селото Јосифово, но со измени во Законот за територијална организација било прогласено за самостојна населба.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш, северозападно од гратчето Валандово. Сместено е северно од Јосифово, а северозападно од Калково. ИсторијаСелото е прогласено за самостојна населба во 2014 година,[2] а дототаш било едно од двете маала на Јосифово. СтопанствоСелото нема сопствен атар и припаѓа во атарот на селото Јосифово, иако било прогласено за самостојна населба. НаселениеЗа селото нема никакви податоци за движење на населението, бидејќи до 2014 година се водело како дел од селото Јосифово. Дури и по прогласувањето како посебно село, не било издвоено со своја катастарска општина, поради што не било земено в предвид при најновиот попис на населението во 2021 година. Самоуправа и политикаБидејќи до 2014 година припаѓало на селото Јосифово, ја дели неговата административна поделба. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0289 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата во селото Јосифово.[3] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 134 гласачи.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia