Татарли
Татарли — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Денес, од селото скоро и да нема никакви видливи остатоци, но бидејќи селото е веднаш до Чалакли на местото на некогашното село се подигнати нови објекти. Исто така, во месноста Татарли Чука на северозапад над селото има рудник за варовник. Потекло и значење на иметоТурското име на селото е Џемат Татарли или Татар Огуллари и првпат е споменато во турски документи од XVI век. Името на селото се поврзува со етнонимот Татари или со турскиот збор „татар“ што има персиско потекло што означува „гласник, курир, поштар во турската империја“.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Струмица.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено малку повеќе од пет километри.[3] До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат до селото Чалакли. Остатоците од селото се сместени во рамничарски предел на областа Бојмија, во јужното подножје на планината Беласица. Денес, се наоѓаат во атарот на селото Чалакли. ИсторијаВо ноември 1915 година за време на Првата светска војна се одиграле жестоки борби помеѓу бугарската окупациска војска и единиците на 178. француски пешадиски, 7. колонијален фанцуско-марокански и 2. африкански полк, кои настапиле со напади околу Костурино, Татарли, Гевгелија, во кои Бугарите успеале да ги одвратат противниците, кои се повлевкле јужно од Дојран.[4] Во чест на оваа победа, бугарската власт ја нарекла улицата „Татарли“ во бегалската населба во Софија (Map).[5] СтопанствоЗа селото нема податоци за аграрната структура, бидејќи не се водела катастарска евиденција.[3] Во месноста Татарли Чука на северозапад над селото има рудник за варовник. Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 58 домаќинства со 126 жители муслимани.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татарли живееле 230 жители, сите Турци.[7] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Татарли живееле 185 Турци.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.[9] Селото е мало, но со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 36 жители, од кои 29 биле Срби, а седум жители Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 116 жители, од кои 114 биле Турци, а двајца жители Срби.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Татарли немало ниеден жител.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Татарли било целосно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дедели, во која покрај селото Татарли се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Собри и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0297 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Чалакли. Во ова избирачко место е опфатено и селото Чалакли.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 337 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 329 гласачи.[17] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia