Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите биле иселени во соседното село Удово во 1960-тите години, но бидејќи изградбата на браната и хидроцентралата никогаш не се случила, во поново време во него повторно се забележани жители.[2]
Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Валандово, во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.[3]
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Градец се наоѓале градот селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Во ова избирачко место е опфатено и селото Удово.[15]
↑ 3,03,13,23,3Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 84.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јануари 2024.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.