Терзели
Терзели — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Денес, од селото скоро и да нема никакви видливи остатоци. Потекло и значење на иметоТурското име на селото е Терсели или Тересли. Името на селото се поврзува со турскиот збор „терес“ што означува „стројник“. Друго објаснува е дека потекнува од зборот „терзи“ што се поврзува со занаетот кројач.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓало на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 175 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Општина Валандово, северозападно од градот Валандово.[3] До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Калково, до кое има асфалтен пат. Низ селото тече рекичката Ак Бунар, која на југ завршува во наводнувачките канали во полските села. ИсторијаЗа време на отоманскиот период селото било познато под името Терсели или Тересли. СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа површина од само 3 км2.[3] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 14 домаќинства со 38 жители муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Терзели живееле 55 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[6] Селото било наполно раселено по 1981 година, когашто броело 21 жител, македонско население.[3] Во периодот пред Втората светска војна селото доживеало битен пораст. Ситуацијата се променила во 1950-тите, кога населението опаднало повеќе од двојно. Во текот на следната деценија продолжило да паѓа, сведувајќи се на 8 жители. Во 1970-тите бројот се искачил на 21 жител, но во наредните години селото наполно се испразнило. Според пописот од 2002 година, во селото Терзели немало жители.[7] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Терзели било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Терзели се наоѓале селата Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Покрај селото Терзели, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Калково, Вејсели и Ајранли.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia