Во минатото селото се нарекувало Гркиште, познато по грчкиот ан во кој преноќувале трговците кои поминувале на релацијата Солун-Белград. Кога дошле Бугарите го преимениле во Грчиште.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 11 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 70 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 389,8 хектари, на шумите отпаѓаат 510,4 хектари, а на пасиштата 404,3 хектари.[2]
Историја
Панорама на селото во 1931 година
Во XIX век, Грчиште било македонско село во рамките на Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Грчиште е средно село по големина, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото броело 416 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 286 жители македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Грчиште имало 255 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 176 жители, од кои 171 Македонец, 3 Срби и 2 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Грчиште се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 295 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
↑D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јули 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.