Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.[2]
Подрачјето на Марвинци е населено уште од античкиот период, за што сведочат остатоците од населба на населбата и тврдината Исар, кое се наоѓа над селото.[3]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Епицентарот на земјотресот бил во самото село.[4]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 191.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.