Кочули
Кочули — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Валандово, на југозападните огранки на планината Беласица, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Струмица.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.[2] До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли. ИсторијаПодрачјето на Кочули е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Кале северно од селото.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 442 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 17 хектари, додека на пасиштата 12 хектари.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 56 жители муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочули живееле 30 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[6] Кочули е мало село, коешто во 1961 година имало 94 жители, а во 1994 година 95 жители, од кои 92 биле Турци, а тројца жители се изјасниле како останати.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Кочули имало 50 жители, од кои 49 Турци и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 50 Турци, 1 Бошњак и 2 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Кочули било целосно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Кочули се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Покрај селото Кочули, во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Башибос и Булунтули.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia