Длето (соѕвездие)
Длето — слабосјајно соѕвездие на јужното небо, воспоставено во 1750 година од страна на Никола Луј де Лакај. Името на соѕвездието потекнува од латинскиот збор саelum што во превод значи длето, и првично било познато под името Caelum Scalptorium („Длетото на Граверот“). Станува зор за осмото најмало соѕвездие, и просторен агол од околу 0.038 стерадијани, само малку помалку од Јужна Круна. Поради својата мала големина и местоположба од рамнината на Млечниот Пат, Длето е јалово соѕвездие, со само неколку соѕвездија од интерес. Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Длето, е само со светлинска величина 4,45, и само уште една ѕвезда (Гама1 Длето) е со светлинска величина поголема од 5. Други позначајни објекти во Длето се RR Длето, двојна ѕвезда со една планета на растојание од 65,7 сг. од Земјата, X Длето, и променливата Делта Штит која образува оптичка двојна ѕвезда со Гама1 Длето, и HE0450-2958 Сејфертова галаксија која првично наликувала на млаз без да се забележи галаксијата. Историја![]() Длето за првпат било воведено во XVIII век од страна на Никола Луј де Лакај, француски астроном кој осмислил уште 13 други јужни соѕвездија во еден кус период.[3] Првичното име кое Лакај му го доделил на соѕвездието било Caelum Scalptorium „Длетото на Граверот“, и Францис Бејли го скратил името само на Длето по сугестија од страна на Џон Хершел.[4] Во оригиналната ѕвездена карта на Лакај, соѕвездието било прикажано како шило или пак бакрорез, за подоцна да се препознава само како длето.[4] Јохан Елерт Боде го предложил името во множина, Caela Scalptoris, но истото не било прифатено.[5] ОсобеностиДлето се граничи со Златна Рипка и Сликар на југ, Часовник и Еридан на исток, Зајак на север и Гулаб на запад. Со површина од 125 квадратни степени, е на 81 место по големина од 88-те современи соѕвездија. Може да се забележи на јужната полутопка за време на летото и целото соѕвездие е видливо во еден период од годината за жителите под 41 северен напоредник на северната полутопка.[1][б 1] Главниот астеризам се состои од четири ѕвезди кои се со светлинска величина поголема од 6,5.[1] Границите на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се опишани како дванаесетостран многуаголник. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници се меѓу 04ч 19,5м и 05ч 05,1м,додека пак координатите на деклинацијата се движат меѓу −27,02° и −48,74°.[2] Меѓународниот астрономски сојуз ја прифатил кратенката од три букви „Cae“ за соѕвездието во 1922 година.[6] Забележителности![]() ЅвездиДлето е слабосјајно соѕвездие, не поседува ѕвезди со светлинска величина поголема од 4 и смо две со светлинска величина поголема од 5. Лакај на шест ѕвезди им дал Бајерови ознаки, означувајќи ги од алфа до зета во 1756 година, но ја прскокнал епсилон и две блиски ѕвезди ги означил со гама. Боде ги проширил ознаките до Ро за останатите ѕвезди но повеќето не се користат.[5] Длето е многу на југ за ѕвездите од соѕвездието да имаат Фламстидови ознаки.[б 2] Најсјајната ѕвезда, Алфа Длето, е двојна ѕвезда, која содржи ѕвезда со спектрална класа F која е на главната низа и со светлинска величина 4.,45 и црвено џуџе со светлинска величина 12,5, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[8][9] Бета Длето, уште една ѕвезда со спектрална класа F со светлинска величина 5,05, е уште подалеку, на растојание од 93,5 сг. од Земјата. За разлика од Алфа, Бета Длето е ѕвезда подџин, пред кус временски период ја напуштила главната низа.[10] Делта Длето, со светлинска величина 5,05, е ѕвезда подџин со спектрална класа B и на растојание од 700 сг. од Земјата.[11] Гама1 Длето е двојна ѕвезда со првична ѕвезда црвен џин со светлинска величина 4,58 и втората ѕвезда со светлинска величина 8,1. И двете ѕвезди се на растојание од 181,3 сг. од Земјата. Двете ѕвезди не можат да се видат оддвоено во помали аматерски телескопи поради разликата во светлинските величини и малото ѓегусебно растојание.[12] Оваа ѕвезда образува оптичка двојна ѕвезда со неповрзаната X Длето (Гама2 Длето), и променлива ѕвезда од типот Делта Штит на растојание од 320,7 сг. од Земјата.[13] Станува збор за кратко периодични пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се предмет на проучување на астросеизмологијата.[14] X Длето и самата е двојна ѕвезда, поточно допирна двојна ѕвезда,[15] што значи дека ѕвездите се толку близу една до друга што ги делат обвивките. Друга променлива ѕвезда видлива со голо око во спѕвездието е RV Длето, пулсирачки црвен џин со спектрална класа M1III,[16] чии светлински велеичини се движат од 6,44 до 6,56.[17] Постајат и три ѕвезди кои сè уште се нарекуваат по своите Бајерови ознаки и можат да се видат со голо око во соѕвездието Длето. Ни Длето[18] е уште една двојна ѕвезда, која содржи бел џин со светлинска величина 6,07[19] и друга ѕвезда со светлинска величина 10,66 со непозната спектрална класа.[20] Овој систем е на растојание од 171,4 сг. од Земјата.[19] Ламбда Длето,[21] со светлинска величина 6,24, е многу поцрвена и подалечна ѕвезда црвен џин на растојание од 740 сг. од Земјата.[22] Зета Длето е подалечна послабосјајна ѕвезда со светлинска величина 6,36 на растојание од 430 сг. од Земјата, станува збор за ѕвезда со спектрална класа К подџин од спектрален тип K1.[23] Останатите 12 ѕвезди кои можат да се видат со голо око во Длето не се со Бајерови ознаки како што е на пример RV Длето. ![]() Една од најблиските ѕвезди во Длето е еклиптичката двојна ѕвезда RR Длето, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[24] Овој систем се состои од темно црвено џуџе и бело џуџе.[25] И покрај близината до Земјата, привидната светлинска величина изнесува 14,4[24] поради слабиот сјај на ѕвездите и токму поради овие причини не може лесно да се забележи со помал амтерски телескоп. Во 2012 година, во овој систем беше пронајдена џиновска планета, и постои доказ а постоење на уште една планета.[26] Системот е во пост преносна фаза и го губи своето аголно забрзување што на крајот ќе предизвика пренос на масата од црвеното џуџе на белото џуџе. За отприлика од 9 до 20 милијарди години, ова ќе предизвика системот да стане катаклизмична променлива.[27] Далечни објектиПоради својата мала големина и местоположба надвор од галактичката рамнина на Млечниот, во Длето нема далечни објекти, и нема Месјеови објекти. Единствениот далечен објект во Длето кој е интересен за разгледување е HE0450-2958, невообичаена Сејфертова галаксија. Првично, оваа галаксија се покажала како тешка за наоѓање, како млазот од истата да потекнувал од никаде.[28] Некои астрономи предложиле дека станува збор за исфрлена материја од супермасивна црна дупка,[29] но сега се знае дека станува збор за мала галаксија која може тешко да се забележи поради млазот и блиската ѕвездородна галаксија.[30] Поврзано
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia