Еднорог (соѕвездие)
Еднорог — слабовидливо соѕвездие на небесниот екватор. Μονόκερως на грчки јазик означува еднорог. Неговиот опис се должи на холандскиот картограф од XVII век, Петар Планициј. Се граничи со Орион на запад, Близнаци на север, Големо Куче на југ и Водна Змија на исток. Други помали соѕвездија со кои се граничи се Мало Куче, Зајак и Крма. Особености![]() ЅвездиЕднорог е соѕвездие кое не може многу лесно да се види со голо око, со неколку ѕвезди со светлинска величина 4. Алфа Еднорог има светлинска величина 3,93, нешто посветла од Гама Еднорог со 3,98. Но, Еднорогпоседува некои интересни особености кои можат да се набљудуваат со мал телескоп. Бета Еднорог е извонреден троен систем од ѕвезди, трите ѕвезди во облик на триаголник кои наликува како да е неподвижен. Светлинската величина на овие ѕвезди е 4,7, 5,2 и 6,1. Вилијам Хершел истото го открил во 1781 г. и за истото рекол дека е „една од најубавите глетки на небото“. Ипсилон Еднорог е неподвижна двојна ѕвезда, со светлински величини 4,5 и 6,5. S Еднорог, или 15 Еднорог, е сино бела променлива ѕвезда со местоположба во центарот на NGC 2264. Промената на нејзината светлинска величина е мала (4,2–4,6). Има и придружна ѕвезда со светлинска величина 8. V838 Еднорог, е променлива ѕвезда црвен суперџин, која почнувајќи од 6 јануари 2002 година па сè до февруари истата година, имала скок во сјајноста поголем за 10.000 за еден ден. Откако овој изблик на сјајност поминал, Хабл бил во можност да го набљудува светлинско ехо, кое го осветлувало околниот прав на ѕвездата.[1] Еднорог ја содржи и Пласкетовата ѕвезда, која всушност е масивен двоен систем чија вкупна маса се проценува дека изнаеува 100 сончеви маси. ПланетиЕднорог содржи две планети-суперземји во еден планетарен систем: COROT-7b била забележана од сателитот COROT, додека пак COROT-7c била забележана од површинскиот телескоп HARPS. До откривањето на Кеплер-10b во јануари 2011, COROT-7b беше најмалата вонсончева планета чиј пречник бил 1,58 пати поголем од оној на Земјата (со што истата имала зафатнина 3,95 од онаа на Земјата). Двете планети во овој систем биле откриени во 2009 година. Далечни објектиЕднорог содржи многу јата и маглини,најзначајните меѓу нив се:
![]()
Историја![]() Еднорог е релативно современо соѕвездие. Првпат се споменува во глобусот на холандскиот картограф Петар Планицј во 1612 или 1613 година[7] а подоцна било исцртано од Јакоб Барч под името Unicornu на неговата ѕвездена карта од 1624 година.[8] Хајнрих Вилхелм Олберс и Лудвиг Идлер[9] тврдат (според Ричард Хинкли Ален) дека соѕвездието е можеби постаро, притоа наведувајќи ја астролошката работа[10] од 1564 година во која се споменува „ вториот коњ меѓу соѕвездијата Близнаци и Рак кој имал многу ѕвезди, кои не биле многу сјајни“, овие спомнувања може да се дело на Мајкл Скот од XIII век, но да се однесуваат на некаков си коњ а не на еднорог, а воедно и местоположбите не им се исти. Јосиф Скалигер е споменат[11] како пронаоѓач на Еднорог на стара персиска сфера. Ками Фламарион верувал дека старото соѕвездие, Непер, се простирало на таа област на небото каде што се соѕвездијата Еднорог и Микроскоп, но ова тврдење е оспорено.[8] Кинеските астеризими Це Фу, Четрите Големи Канали, Гвангу и Ве Чу, Надворешна Кујна, сите се сместени во рамките на соѕвездието Еднорог.[8] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia