Часовник (соѕвездие)
Часовник — мало и слабосјајно соѕвездие на јужното небо ( со деклинација од оклолу −60 степени). Името е латински презапис на грчкиот[1] збор за часовник (Horo [ὥρο]- што значи час и logium [λέγειν] што значи покажувач [horologium= покажувач на часови]). ИсторијаЧасовник за првпат како соѕвездие е исцтрано во XVIII век од страна на аботот Никола Луј де Лакај.[2] Првичното име на соѕвездието било Часовник со Клатно (Horologium Oscillitorium), во чест на пронаоѓачот на истиот Кристијан Хајгенс и неговата книга Часовник со клатно (Horologium Oscillatorium). Забележителности![]() ЅвездиЧасовник како соѕвездие не се одликува со сјајни ѕвезди. Алфа Часовник, најсјаната ѕвезда, е портокалов џин со светлинска величина 3,9, на растојание од 117 сг. од Земјата. Бета Часовник е бел џин со светлинска величина 5, и на растојание од 314 сг. од Земјата. Но, сепак соѕвездието содржи неколку променливи ѕвезди. R Часовник е црвен џин Мирида со доста променлив распон на светлинската величина, на растојание од 1000 сг. од Земјата. Минималната светлинска величина изнесува 14,3 додека пак максималната 4,7, во временски период од 13 месеци.[2] Далечни објектиЧасовник е соѕвездие во кое има голем број на далечни објекти, т.е. во истото има неколку збиени јата. NGC 1261 е збиено ѕвездено јато со вкупна светлинска величина 8, и на растојание од 44.000 сг, од Земјата.[2] Збиено ѕвездено јато Арп-Мадоре 1 кое се гледа во соѕвездието, и е најоддалеченото збиено јато во Млечниот Пат на растојание од 398.000 сг. од Земјата. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia