Орел (соѕвездие)
Орел — соѕвездие. Неговото латинско име е Aquila и значи орел. Се наоѓа речиси на небесниот екватор. Најсјајната ѕвезда, Алтаир, е вертекс на летниот триаголник. ИсторијаСоѕвездието Орел е едно од 48-те соѕвездија забележани од Птоломеј во 1 век. Исто така се споменува во 4 век п.н.е. и во 3 век п.н.е. од Аратус. Денес е едно од 88-те соѕвездија дефинирани од меѓународната астрономска заедница. Ова соѕвездие било познато и како Летечки грабливец (Vultur volans) за старите Римјани (да не се меша со Vultur cadens што е старо римско име за соѕвездието кое денес го знаеме како Лира). Птоломеј каталогизирал деветнаесет ѕвезди од ова соѕвездие и од соѕвездието наречено Антиноус, кое се смета за застарено, а тогаш било наречено така во чест на императорот Хадриан (117–138), односно по грешка посветено на Тихо Брахе, кој каталогизирал 12 ѕвезди од Орел и седум од Антиноус. Ѕвезди со имиња
НоваДве големи нова ѕвезди се забележани во соѕвездието Орел; првата во 389 година п.н.е. за која е забележано дека била сјајна колку и Венера, а другата (V603 Aquilae) нешто посјајна од Алтаир, најсјајната ѕвезда во ова соѕвездие. Небесни телаТри интересни планетарни маглини се наоѓаат во соѕвездието Орел:
Други небесни тела:
ДругоЛеталото Пионир 11 на НАСА, што помина крај Јупитер и Сатурн во 1970-те години, ќе помине блиску до една од ѕвездите на соѕвездието Орел за околу четири милиони години. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia