Стрела (соѕвездие)
Стрела — соѕвездие кое потекнува од латинскиот збор sagitta, и истото не би требало да се поистоветува со поголемото соѕвездие Стрелец. Иако Стрела е старо соѕвездие, ѕвездите во истото не се посјајни од трета привидна светлинска величина и по површина е третото најмало соѕвездие (само Ждребе и Јужен Крст се помали). Било вклучено во 48 соѕвездија наброени од астрономот од II век Птоломеј, и оттогаш останаало едно од 88 современи соѕвездија определени од страна на Меѓународниот астрономски сојуз. Со местоположба над екваторот, Стрела може да се види од секоја местоположба на Земјата, освен од Јужниот Поларник. Стрела припаѓа на Млечниот Пат и се граничи со слeдниве соѕвездија (почнувајќи од север во насока на часовникот): малото животно Лисица, митолошкиот херој Херкул, птицата Орел и морскиот цицач Делфин. Значајности![]() ЅвездиСледниве се едни од најсјајните ѕвезди во Стрела:
Далечни објекти
ИсторијаСтарите Грци најверојтано[1] го нарекувале ова соѕвездие Oistos.[2] Римјаните го нарекле Sagitta. Јохан Бајер ги избрал имињата на ѕвездите во Стрела по несјајност, ставајќи и ја ознаката на најсветлата ѕвезда γ. Друго соѕвездие во кое се отстапува од традиционалното именување е соѕвездието Стрелец. МитологијаОбликот на Стрела, бил протолкуван токму како стрела во многу култури, меѓу нив се персијците, евреите, Старите Грци и старите римјани. арапите го нарекувале ас-сахам, име кое се пренесува како Шам и се однесува на α Sge. Стара Грција![]() Во Стара Грција, соѕвездието Стрела се сметало дека е стрелата со која Херкул го убил орелот на Јупитер, кој постојано се хранел со џигерот на Прометеј.[3] Стрелата е со местоположба на северната граница на Орел. Други пак верувале дека соѕвездието Стрела е стрелата со која Херкул стрелал кон Стимфалските птици, (шестата задача) кои имале клунови и крилја од железо, и се хранеле со човелко месо во мочуриштата на Аркадија. Ератостен тврдел дека станува збор за стрелата со која Аполон ги убил киклопите.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia