Видливо на ширина од +20° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.
Златна Рипка (лат.Dorado) — соѕвездие на јужното небо. Било именувано во доцниот XVI век и сега е едно од 88 современи соѕвездија. Името се однесува на рибата корифен (Coryphaena hippurus), која е позната како dorado на португалски, иако истата е прикажана како сабјарка. Златна Рипка е позната по тоа што го содржи поголемиот дел од Големиот Магеланов Облак, остатокот е во соѕвездието Маса. Во ова соѕвездие се наоѓа и јужниот еклиптички пол.
Иако името Dorado не е латинско туку португалско, астрономите го нарекуваат според латинскиот генитивен облик Doradus кога ги именуваат ѕвездите.
Алфа Златна Рипка е сино бела ѕвезда со светлинска големина 3,3, на 176 сг. од Земјата. Таа е најсветлата ѕвезда во соѕвездието Златна Рипка. Бета Златна Рипка е забележително светла променлива ѕвезда. Станува збор за жолт суперџин кој има минимална светлосна големина 4,1 и максимална светлосна големина од 3,5. На растојание од 1040 сг. од Земјата, Бета Златна Рипка има период од 9 дена и 20 часа.[1]
Суперновата 1987A беше најблиската супернова која се случила од создавањето на телескопот. SNR 0509-67,5 е остатокот од небообичаено енергетскиот вид на 1a супернова која се случила пред 400 години.
Златна Рипкае исто така меатото во кое се наоѓа јужниот еклиптички пол, кој е точно во близина на главата на рибата. Истиот бил наречен „Polus Doradinalis“ од Вилем Јансон Блеу.[2]
Далечни објекти
Бидејќи Златна Рипкасодржи дел од Големиот Магеланов Облак, соѕвездието е богато со далечни објекти. Големиот Магеланов Облак, со пречник од 1.000 сг., е придружна галаксија на Млечниот Пат, и е на растојание од 179.000 сг. Истата е деформирана од гравитациските заемодејства со Млечниот Пат. Во 1987, во истата се случи SN 1987A, првата супернова од 1987 г. и најблиската по онаа од 1604 г.[4] Со широчина од 25.000 сг. содржи околу 10.000 милиони ѕвезди.[1] Сите кординати се за епохата J2000,0.
NGC 2080 (Духова Глава), е оддавна маглина која е со широчина од 50 сг. и се наоѓа во Големиот Магеланов Облак. Именувана е според двете различни бели површини кои ги содржи, кои се всушност области во кои од неодамна се создаваат ѕвезди. Западниот дел е обоен зелено поради двојно јонизираниот кислород, јужниот дел е црвен поради оддавањата на алфа водороднитеспектрални линии, и централната област е обоена жолто поради оддавањата на водородот и кислородот. Западната блеа точка, A1, има масивна, неодамна создадена ѕвезда. Источната бела точка, A2, има неколку ѕвезди кои се прикриени од правта.[4]
NGC 2070 е маглина во Големиот Магеланов Облак, позната и како маглината Тарантула поради својот облик кој наликува на пајак. Се озналува и како 30 Златна Рипка, и за голото око е како матна ѕвезда. Поголема од која и дабило маглина во Млечниот Пат со пречник од 1.000 сг., исто така е светла, поради осветлувањето од јато од ѕвезди со ознака, R136. Ѕвездите кои го осветлуваат се суперџинови.[1]
NGC 2157 (Рек 05h 57m 35s Дек -69° 11.8′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
NGC 2164 (Рек 05h 58m 53s Дек -68° 30.9′) „Skyview“слика станува збор за топчесто јато од ѕвезди.
N44 е супермеур во Големиот Магеланов Облак со широчина од 1.000 сг. Целата структура е оформена од 40 топли ѕвезди во центарот на истата. Во внатрешноста на супермеурот N44 има помал меур означен во каталозите како N44F. Има приближен пречник од 35 сг. и е оформен од неверојатно топла ѕвезда која се наоѓа во центарот, која има ѕвезден ветер со брзина од 7 милиони километри на час. N44F поседува и облици кои наликуваат на столбови од прав во кои најверојатно се создаваат нови ѕвезди, но истите не можат да бидат забележани поради присуството на прав.[6]
↑ 4,04,1Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe (1. изд.). Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN978-1-55407-175-3. |access-date= бара |url= (help)
↑„Grand swirls“. Picture of the Week. ESA/Hubble. Посетено на 6 June 2014.