Видливо на ширина од +45° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец април.
Пумпа (Antlia, од старогрчкиἀντλία) — соѕвездие на јужната небесна полутопка. Неговото име значи „ пумпа“ на латински и грчки ; претставува воздушна пумпа. Првично било познато како Пневматска Пумпа или Машина (Antlia Pneumatica). Тоа било основано од Никола Луј де Лакај во 18 век. Неговото неспецифично (со еден збор) име, веќе во ограничена употреба, го претпочитал Џон Хершел, а потоа било поздравено од астрономската заедница која официјално го прифатила ова. Кај северите делови од ѕвездите кои формираат некои од едрата Брод Арго (соѕвездието Едро), Пумпа е целосно видлива од географските широчини јужно од 51. северен напоредник.
Пумпа е слабо соѕвездие; неговата најсветла ѕвезда е Алфа Пумпа, портокалов џин кој е сомнителна променлива ѕвезда, која се движи помеѓу привидни величини 4,22 и 4,29. S Пумпа е двоен ѕвезден систем кој затемнува, односно се менува во сјајот додека едната ѕвезда поминува пред другата. Ѕвездите се толку блиску што еден ден ќе се спојат за да формираат една ѕвезда. Двата ѕвездени системи со познати вонсончеви планети, HD 93083 и WASP-66, се наоѓаат во Пумпа, како и NGC 2997, спирална галаксија, и џуџестата галаксија Пумпа.
Историја
Приказот на Јохан Боде на Пумпа како воздушна пумпа со двојни цилиндри
Францускиот астроном Никола Луј де Лакај прв го опишал соѕвездието на француски како la Machine Pneumatique (Пневматска машина) во 1751–52 година,[1][2] во чест на воздушната пумпа измислена од францускиот физичар Дени Папен.[3] Де Лакај забележал и каталогизирал речиси 10.000 јужни ѕвезди за време на двегодишниот престој на ’Ртот на Добрата Надеж, смислувајќи четиринаесет нови соѕвездија во непознати подрачја на јужната небесна полутопка кои не се видливи од Европа. Тој ги именувал сите освен едно во чест на инструментите што го симболизирале периодот на просветителството. [б 1][5] Лакај го прикажал соѕвездието Пумпа како едноцилиндрична вакуумска пумпа користена во почетните експерименти на Папен, додека германскиот астроном Јохан Боде ја избрал понапредната двоцилиндрична верзија.[3] Лакај го латинизирал името во Antlia pneumatica на неговата табела од 1763 година. Англискиот астроном Џон Хершел предложил да се намали името на еден збор во 1844 година, истакнувајќи дека самиот Лакај ги скратил своите соѕвездија на тој начин повремено.[6] Ова било универзално усвоено. [5]Меѓународниот астрономски сојуз го усвоил името Пумпа како едно од 88-те современи соѕвездија во 1922 година.[7]
Иако биле видливи за Античките Грци, ѕвездите на Пумпа биле премногу бледи за да бидат вообичаено препознаени како фигуративен објект во античките астеризми. Ѕвездите кои денес ја сочинуваат Пумпа се во појасот на небото поврзан со астеризмот/старото соѕвездие Брод Арго, бродот на Аргонаутите, во неговите последни векови. Тоа, поради неговата огромна големина, било поделено на трупот, палубата и едрата од Лакај во 1763 година.[8][9] Ридпат известува дека ѕвездите на Пумпа не сочинувале дел од класичниот приказ на Брод Агро.[10]
Во незападната астрономија
Кинеските астрономи можеле да го забележат современото соѕвездие Пумпа од нивните географски широчини и ги вклучиле неговите ѕвезди во две различни соѕвездија. Неколку ѕвезди во јужниот дел на Пумпа биле дел од „ Донгоу“, што претставувало област во јужна Кина. Понатаму, Ипсилон, Ета и Тета Пумпа биле приклучени во небесниот храм, кој исто така содржел ѕвезди од современото соѕвездие Компас.
Карактеристики
Покривајќи 238,9 квадратни степени и оттука 0,579% од небото, Пумпа е на 62-то место од 88-те современи соѕвездија по површина. Неговата позиција во јужната небесна полутопка значи дека целото соѕвездие е видливо за набљудувачите јужно од 49°С.[11][б 2] Морската Водна Змија тече по должината на нејзината северна граница, додека Копмас, Едро и Кентаур ја оградуваат на запад, југ и исток соодветно. Кратенката со три букви за соѕвездието, усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз, е „Ant“. Официјалните граници на соѕвездието, поставени од белгискиот астроном Ежен Делпорт во 1930 година, [б 3] се дефинирани со многуаголник со источна, јужна и десет други страни (свртени кон двете други кардинални точки на компасот иилустрирани во инфокутијата горе-десно). Во екваторијалниот координатен систем, координатите на десното искачување на овие граници лежат помеѓу 09ч 26.5м и 11ч 05.6м, додека координатите на деклинација се помеѓу -24,54° и −40,42°.
Особини
Соѕвездието Пумпа гледано со голо око
Ѕвезди
Лакај на девет ѕвезди им дал Бајерови ознаки, означувајќи ги како Алфа до Тета, комбинирајќи две ѕвезди една до друга како Зета. Гулд подоцна додал десетина, Јота Пумпа. Бета и Гама Пумпа (денес HR 4339 и HD 90156) завршиле во соседното соѕвездие Водна Змија откако биле исцртани границите на соѕвездието во 1930 година. Во границите на соѕвездието, има 42 ѕвезди посветли од или еднакви на привидната величина 6.5. [б 4][11] Двете најсветли ѕвезди на соѕвездието, Алфа и Ипсилон Пумпа, сјаат со црвеникава нијанса.[14] Алфа е портокалов џин од спектрален типK4III што е сомнителна променлива ѕвезда, која се движи помеѓу привидни величини 4,22 и 4,29.[15] Се наоѓа на 320 ± 10 светлосни години од Земјата.[16] Се проценува дека сјае со околу 480 до 555 пати поголема сјајност од Сонцето, најверојатно станува збор за ѕвезда која старее и сјае и е на пат да стане променлива ѕвезда од тит Мирида, откако го претворила целото нејзино јадрено гориво во јаглерод.[17] Сместена на 590 ± 30 светлосни години од Земјата,[18] Ипсилон Пумпа е развојна портокалова џиновска ѕвезда од спектрален тип K3 IIIa, која има пречник околу 69 пати поголем од Сонцето,[19] и сјајност од околу 1279 Сонца. Тоа е малку променливо.[20] На другиот крај на Антлија, Јота Пумпа е исто така портокалов џин од спектрален тип K1 III.[21] Оддалечена е 202 ± 2 светлосни години.[22]
Во близина на Алфа се наоѓа Делта Пумпа, двојна ѕвезда, оддалечена од Земјата 450 ± 10 светлосни години.[23] Примарната е синобела ѕвезда од главна низа со спектрален тип B9,5V и светлинска величина 5,6, а секундарната е ѕвезда од жолтобела ѕвезда од главна низа од спектрален тип F9Ve и светлинска величина 9,6.[24] Зета Пумпа е широка оптичка двојна ѕвезда. Посветлата ѕвезда - Зета1 Пумпа - е оддалечена 410 ± 40 светлосни години и има светлинска величина од 5,74,[25] иако е вистински двоен ѕвезден систем составен од две бели ѕвезди од главната низа со светлини 6,20 и 7,01 кои се разделени со 8.042 лачни секунди.[26] Побледата ѕвезда - Зета 2 Пумпа - е оддалечена 386 ± 5 светлосни години [27] и со светлинска величина 5,9.[28] Ета Пумпа е уште еден двојник составен од жолто бела ѕвезда со спектрален тип F1V и светлинска величина 5,31, со придружник со светлинска величина 11,3. Тета Пумпа е исто така двојна, најверојатно составена од ѕвезда од главната низа од типот А и жолт џин.[29] S Пумпа е двоен ѕвезден систем за затемнување, кој варира во привидна величина од 6,27 до 6,83 во период од 15,6 часа.[30] Системот е класифициран како променлива ѕвезда од типот W Голема Мечка - примарната е потопла од секундарната, а падот на големината е предизвикан од второто поминување пред првата. Пресметувањето на својствата на составните ѕвезди од орбиталниот период покажува дека примарната ѕвезда има маса 1,94 пати и пречник 2,026 пати поголем од Сонцето, а секундарната има маса 0,76 пати и пречник 1,322 пати поголем од Сонцето.[31] Двете ѕвезди имаат слична сјајност и спектрален тип бидејќи имаат заедничка обвивка и споделуваат ѕвезден материјал.[32] Се смета дека системот е стар околу 5-6 милијарди години. Двете ѕвезди на крајот ќе се спојат за да формираат единствена ѕвезда што брзо се врти.
T Пумпа е жолтобел суперџин од спектрален тип F6Iab и класична кефеидна променлива која се движи помеѓу светлинската величина 8,88 и 9,82 во текот на 5,9 дена.[33] U Пумпа е црвена јаглеродна ѕвезда од типот С и е неправилна променлива која се движи помеѓу светлинските величини 5,27 и 6,04.[34] На оддалеченост од 910 ± 50 светлосни години,[35] е околу 5819 пати посветло од Сонцето.[36] BF Пумпа е променлива ѕвезда од типот Делта Штит која варира за 0,01 светлинска величина.[37] HR 4049, исто така позната како AG Пумпа, е необична жешка променлива ѕвезда од спектрален тип B9.5Ib-II. Таа е подложена на интензивно губење на масата [38] и е единствена променлива која не припаѓа на ниту една класа на позната променлива ѕвезда, која се движи помеѓу светлините 5,29 и 5,83 со период од 429 дена.[39] Од Земјата е оддалечена околу 6000 светлосни години.[40] UX Пумпа е променлива ѕвезда од типот R Северна Круна со основна привидна величина од околу 11,85, со неправилни затемнувања до под светлинска величина 18,0.[41] Светла и оддалечена ѕвезда, таа е суперџин со спектар налик на ѕвезда од жолтобела F-тип, но речиси и да нема водород.[42]
Композитна слика на NGC 2997
HD 93083 е портокалова џуџеста ѕвезда од спектрален тип K3V која е помала и поладна од Сонцето. Постои планета која е откриена со методот на радијална брзина со спектрографот HARPS во 2005 година. Масивна околу Сатурн, планетата орбитира околу својата ѕвезда со период од 143 дена на средно растојание од 0,477 АЕ.[43] WASP-66 е ѕвезда слична на сонцето од спектрален тип F4V. Планета со маса 2,3 пати поголема од Јупитер орбитира на секои 4 денови, откриена со методот на премин во 2012 година.[44] DEN 1048-3956 е кафеаво џуџе од спектрален тип М8 сместено на околу 13 светлосни години оддалечено од Земјата. Со величина 17 е премногу слабо за да се види со голо око. Има површинска температура од околу 2500 К. Во 2002 година биле откриени два моќни блесоци кои траат по 4-5 минути.[45] 2MASS 0939-2448 е систем од две ладни и слабо кафеави џуџиња, веројатно со делотворни температури од околу 500 и 700 К и маса од околу 25 и 40 пати поголема од онаа на Јупитер, иако исто така е можно двата објекти да имаат температури од 600 К и 30 јупитерови маси.[46]
Длабоконебесни тела
Галаксијата ESO 376-16 се наоѓа на речиси 23 милиони светлосни години од Земјата.[47]
Пумпа содржи многу слаби галаксии [48], од кои најсветлата е NGC 2997 со светлинска величина 10,6.[49] Тоа е лабаво намотана спирална галаксија од типот Sc. Иако не е опишана во повеќето аматерски телескопи, тоа прикажува светли јата на млади ѕвезди и многу темни појаси за прашина на фотографиите. Откриено во 1997 година, џуџето Пумпа е џуџеста сфероидна галаксија од 14,8 м која припаѓа на месната група галаксии. Во 2018 година било објавено откритието за галаксија со многу мал површински сјај во близина на Ипсилон Пумпа, Пумпа 2, која е сателитска галаксија на Млечниот Пат.[50]
Јатото Пумпа, познато и како Абел S0636, е галактичко јато кое се наоѓа во суперјатото Водна Змија-Кентаур. Таа е трета најблиска до месната група по Девица и Печка.[51] Растојанието на јатото од земјата е 40.5 до 40.9 Mpc (132.1 to 133.4 Mly)[52] Сместена во југоисточниот агол на соѕвездието, може да се пофали со џиновските елиптични галаксии NGC 3268 и NGC 3258 како главни членови на јужната и северната подгрупа соодветно, и содржи вкупно околу 234 галаксии.
Пумпа е дом на огромниот остаток од супернова Пумпа, еден од најголемите остатоци од супернова на небото.[53]
↑Иако делови од соѕвездието технички се издигнуваат над хоризонтот за набљудувачи помеѓу 49°С и 65-тата паралела север, ѕвездите на неколку степени од хоризонтот се за сите незабележливи.[11]
↑Делпорт предложил стандардизирање на границите на соѕвездијата на Меѓународниот астрономски сојуз, кој се согласил и му ја дал главната улога[12]
↑Објектите со величина 6,5 се меѓу најслабите видливи со голо око на ноќното небо во рурален премин.[13]
↑McDonald, I.; Zijlstra, A. A.; Boyer, M. L. (2012). „Fundamental Parameters and Infrared Excesses of Hipparcos Stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 427 (1): 343–57. arXiv:1208.2037. Bibcode:2012MNRAS.427..343M. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.21873.x.McDonald, I.; Zijlstra, A. A.; Boyer, M. L. (2012).
↑Hellier, Coel; Anderson, D. R.; Collier Cameron, A.; Doyle, A. P.; Fumel, A.; Gillon, M.; Jehin, E.; Lendl, M.; Maxted, P. F. L. (2012). „Seven transiting hot Jupiters from WASP-South, Euler and TRAPPIST: WASP-47b, WASP-55b, WASP-61b, WASP-62b, WASP-63b, WASP-66b and WASP-67b“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 426 (1): 439–50. arXiv:1204.5095. Bibcode:2012MNRAS.426..739H. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.21780.x.
↑Streicher, Magda (2010). „Deepsky Delights: Antlia, the Machine Pneumatique“. Monthly Notes of the Astronomical Society of Southern Africa. 69 (5–6): 107–12. Bibcode:2010MNSSA..69..107S.
↑Torrealba, G.; Belokurov, V.; Koposov, S. E.; Li, T. S.; Walker, M. G.; Sanders, J. L.; Geringer-Sameth, A.; Zucker, D. B.; Kuehn, K. (2019). „The hidden giant: Discovery of an enormous Galactic dwarf satellite in Gaia DR2“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 488 (2): 2743–2766. arXiv:1811.04082. Bibcode:2019MNRAS.488.2743T. doi:10.1093/mnras/stz1624.
Ridpath, Ian (2017), Stars and Planets Guide, Princeton University Press, ISBN978-0-691-17788-5
Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, VA: The McDonald & Woodward Publishing Company. Bibcode:2003lslm.book.....W. ISBN978-0-939923-78-6.
Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Водич за ѕвезди и планети, Колинс, Лондон. ISBN 978-0007251209. Универзитетот Принстон, Принстон. ISBN 978-0691135564.