Кондово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Сарај.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
331
—
1953
368
+11.2%
1961
451
+22.6%
1971
797
+76.7%
1981
1.857
+133.0%
Година
Нас.
±%
1991
137
−92.6%
1994
2.890
+2009.5%
2002
3.384
+17.1%
2021
3.626
+7.2%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 25 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 56 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[7]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Кондово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
На пописот во 1994 биле попишани 2.890 жители, а на пописот од 2002 година селото има 3.384 жители и претставува едно од најголемите албански села во околината на Скопје. Во селото тогаш живееле 15 Македонци, 3.222 Албанци, 23 Турци, 1 Србин, 81 Бошњак и 42 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.626 жители, од кои 18 Македонци, 3.353 Албанци, 9 Турци, 2 Срби, 66 Бошњаци, 1 останат и 177 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Кондово е албанско-бошњачко село. Сите се доселеници.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Албански
Албански родови:Љутвиовци (7 к.) и Асаноски (10 к.) тие се најстари родови во селото. доселени се од Љума во северна Албанија. Жителите од првиот род го знаат следното родословие: Реџеп (жив на 58 г. во 1963 година) Ќазим-Сулејман-Реџеп-Љутвија, основачот на родот кој се доселил; Врескало (6 к.) и Гаџалар (9 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имаат роднини. Уште подалечно потекло имаат од Горна Река. Врескало потекнуваат од селото Кракорница. Го знаат следното родословие: Муарем (жив на 50 г. во 1963 година) Хајредин-Бафти-Бајрам-Хајдин, основачот на родот кој се доселил.
Поалбанчени Помаци:Оџалари (4 к.) доселени се во 1878 година од околината на Пловдив во Бугарија. Основачот на родот дошол како оџа. Во каква било и да е расправија останатите албански родови на членовите од овој род им се обратуваат со Помаци.
Бошњачки
Бошњачки родови:Паламари (2 к.), Скендеровиќи (2 к.), Дураковиќи (1 к.) и Лисина (1 к.) доселени се од околината на Беране во Црна Гора. Првите од селото Годочеља, вторите и третите од Трпеза, а четвртиот од Крушица; Хадровиќи (1 к.) и Реброња (1 к.) доселени се од околината на Бијело Поље во Црна Гора. Првите од селото Врха, а вторите од Црнча; Смаил (1 к.) доселени се од околината на Тутин во Србија.[14]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 14,014,1. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)