Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 5 километри јужно од Тетово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри. Атарот зафаќа простор од 8 км2.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.345 жители и претставува голема населба.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.563 жители, од кои 2 Македонци, 2.465 Албанци, 3 Турци, 2 Бошњаци и 91 лице без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.300
1953
265
1.133
0
0
0
2
—
3
—
1.403
1961
166
1.242
57
—
—
2
—
4
—
1.471
1971
27
1.857
0
0
—
2
—
3
—
1.889
1981
21
2.383
0
0
0
0
—
10
—
2.414
1991
21
0
0
0
0
0
0
0
—
21
1994
19
2.601
0
0
0
0
—
1
—
2.621
2002
24
3.302
0
0
0
0
0
19
—
3.345
2021
2
2.465
3
0
0
0
2
0
91
2.563
Родови
Долно Палчиште е мешано македонско-албанско село.
Според податоците од 1948 година, родови во селото се:
Македонски:
Сибиновци (5 к.) доселени се од местото селиште во атарот на селото Долно Палчиште, го знаат следното родословие: Пано (жив на 59 г. во 1940-тите) Симо-Никола, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
Шолтаковци (16 к.) и тие се доселени од Селиште. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија (две семејства).
Ѓурковци (8 к.) исто така доселени од Селиште. Кај нив е зачувано преданието дека уште подалечно потекло имаат од просторите на Италија (според кажувањето од Јован на Стојан на Драган) во Љусна во северна Албанија. Го знаат следното родословие::Драган(жив на 60г. во 2025 година-Добривоје- Стојан (жив на 35 г. во 1948 година) -Бојо-Јован-Аврам-Крсте-Спасен. Аврам се доселил од Селиште, додека Спасен дошол од северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства), Скопје (пет семејства)
Столевци (4 к.) доселени се од денес раселеното село Дрвик кое постоело јужно од Долно Палчиште, а таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија.
Наумовци и Клиповци (10 к.), првите потекнуваат од Митре, а вторите од Столе. Митре и Столе биле браќа кои се доселиле од селото Брод, Гора, денес во Косово. Избегале од страв да не бидат потурчени, а го знаат следното родословие:: Јоше (жив на 60 г. во 1948година) -Гаве-Наум-Митре, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
Јанковиќ (1 к.) доселен од околината на Врање околу 1920-тите години.
Албански:
Десовци (13 к.), Торбеши (12 к.), Мачоре (2 к.), Џелоке (9 к.), Авиќе (10 к.), Ќоте (3 к.), Ода (7 к.), Чанго (9 к.) и Читак (11 к.). Овие се поалбанчени родови и на повеќето родови потеклото им е од областа Гора. Некои дошле преку торбешките села Урвич и Јеловјане.
Царе (7 к.), Селимџикве (32 к.), Чајан (14 к.), Црнољеве (4 к.), Дрник (17 к.), Кушове (6 к.) и Лисец (3 к.) сите родови се со потекло од северна Албанија. Некои не дошле директно во Долно Палчиште, туку најпрво се населувале во разни полошки села па овде. Сите родови се доселени до средината на XIX век.[10]
Во селото постојат избирачките места бр. 2061, 2062, 2062/1 и 2063 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
↑Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.108
↑Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 212.
↑Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122 – 123.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.