Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 12 километри јужно од Тетово. Селото речиси целосно е споено со соседните села Камењане на север и општинскиот центар Боговиње на југ. Се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладува обработливо земјиште на површина од 149 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2]
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 52 христијански семејства и 2 неженети христијани.[3]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“