Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[3]
На пописот од 2002 година, селото имало 914 жители, од кои 3 Македонци, 907 Албанци и 4 Турци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 891 жител, од кои 881 Албанец и 10 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
338
1953
5
342
51
—
—
—
...
—
—
398
1961
31
268
214
...
...
—
...
10
—
523
1971
43
599
12
—
...
—
...
4
—
658
1981
24
832
—
—
—
2
...
4
—
862
1994
18
838
3
1
—
—
1
—
861
2002
3
907
4
—
—
—
—
—
—
914
2021
0
881
0
0
0
0
0
0
10
891
Родови
Жеровјане е денес предоминантно албанско село. А порано во селото имало и Турци и Македонци.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Турски
Азнетар (2 к.) доселени се од Анадолија. Во Жеровјане се доселиле преку Тетово. Они се најстари муслимани во селото. Доселени се во крајот на XIX век.
Коџа Бег (2 к.) доселени се од Турција. Поради брачни врски со Албанците почнале да зборуваат и албански.
Леко (1 к.) доселени се од селото Врапчиште. Таму припаѓале на големиот род Леко, иако зборуваат турски, и се изјаснуваат за Турци. Нивното потекло е од Љума во северна Албанија.
Албански
Маџар (4 к.) доселени се од селото Горјане. Подалечно потекло од Љума во северна Албанија.
Аврам Станкоски (1 к.) Аврам се доселил со семејството во 1912 година од селото Јабланица кај Струга. Таму припаѓал на родот Лековци. Од Жеровјане имале иселеници во Скопје.[7]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2058 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.