Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Раковец — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 369 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 811 жители, од кои 807 Албанци и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 548 Албанци и 29 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Рекалар или Врбјан (31 к.) доселени се од селото Врбен во Горна Река. Од таму се иселиле тројца браќа. Имаат иселеници во Жеровјане.
Деде (11 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
Видушалар (42 к.) доселени се од некое село во Долна Река. Можеби од селото Видуше? мешајќи се со албанците се албанизирале. Брачни врски најчесто склопувале со селаните од Урвич и Јеловјане.[12]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2079 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“