Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Љоковци (35 к.) и Чолаковци (8 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век. Во Љоковци се знае следното родословие: Шаип (жив на 85 г. во 1948 година) Јонуз-Рустем-Шаин, основачот на родот. Брачни врски помеѓу овие два рода не се склучувале, туку се земале со девојки и момчиња од околните албански и горански/торбешки села.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2076 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“