Општина Боговиње
Општина Боговиње — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е Боговиње. Општината е проширена со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кога кон поранешната Општина Боговиње е припоена и Општина Камењане. ![]() ![]() ГеографијаОпштината граничи со Општина Тетово на север, Општина Брвеница на исток, Општина Врапчиште на југ и со Република Косово на запад. ДемографијаВрз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 22.906 жители, 6.457 домаќинства и 7.759 станови.[2] Етничка припадност
Вероисповед
Мајчин јазик
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Боговиње е Аљбон Џемаили од редовите на АА. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Боговиње е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ДУИ: 7 места АА: 5 места БЕСА: 5 места ДПА: 2 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спорт
ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia