Економија на Македонија
Економија на Македонија - дел од поширокиот општествен систем на Македонија кој ги опфаќа стопанските односи, дејности, производството, трговијата и монетарно-финансиските текови. Според типот Македонија има отворена пазарна економија. Историја19 векПреминот од 18 во 19 век во Македонија, која тогаш во своите природно-историски и етнички граници се наоѓаше во составот на Османско-турската Империја, се карактеризираше со позабележително разјадување на патријархално-натуралните облици на стопанисување и со навлегување на стоковно-паричните облици на општественото производство. Во земјоделството, на местото на тимарско-спахискиот систем, кој се состоеше во доделување крупни земјишни имоти (ленови) на спахиите во замена за вршење воена служба, на чифлиците, кои претставуваа крупни стопанства од полукапиталистички тип, се пробиваа новите аграрнопроизводствени односи на стоковно-паричното стопанство. Новите капиталистички производствени и општествени односи се позабрзано навлегуваа и во градското стопанство на Македонија. Занаетчиството опаѓаше пред ширењето на индустријата, што водеше кон пролетаризирање на занаетчиите, додека еснафската организација со својата структура отстапуваше пред новите форми на организација на стопанскиот и на општествениот живот. Панаѓурите, на кои дотогаш се остваруваше размената, беа заменувани со новите и посовремени видови на трговската размена. Истовремено, со зголемувањето на надворешнотрговската размена и ширењето на внатрешниот пазар, започна модернизацијата на сообраќајот, се ширеше поштенскотелеграфската мрежа и беше пуштена во сообраќај првата железничка линија во Македонија (1873) на релацијата Солун – Скопје. Застарените облици на кредитирање, какви што беа еснафските каси, им го отстапуваа местото на новите и модерни банки и кредитни акционерски друштва, чие основање го налагаа новите и изменети стопански и општествени услови на животот и развитокот. Развитокот на индустријата беше обележан со подигање индустриски претпријатија, првенствено на прехранбената и на текстилната индустрија, и со доминантно учество на странски капитал од европските земји. 20 и 21 векНепосредно по Втората светска војна започнала индустријализацијата на земјата. Притоа, во периодот 1945-1955 година, индустриското производство растело со просечна годишна стапка од 8,5 %, а благодарение на тоа, на крајот од 1955 година индустриското производство било четирипати поголемо од нивото во 1945 година. Во тоа време, во индустријата биле активни околу 160 претпријатија со близу 35 000 вработени. Во следната декада (1955-1965) била забележана највисоката просечна годишна стапка на раст на индустриското производство од 15,2 %, а продуктивноста растела по просечна годишна стапка од 7,4 %. Во тој период забележителен подем оствариле црната металургија, металната индустрија, електроиндустријата, текстилната и прехранбената индустрија.[9] Во однос на одделните индустриски гранки, во во периодот по Втората светска војна, голем пораст забележало производството на лигнит, кое во 1994 година било поголема за дури 412 пати во споредба со 1945 година. Производството на електрична енергија, исто така, бележело постојан пораст, така што, учеството на овој сектор во вкупното индустриско производство се зголемило од 3,4 % во 1952 година на 8,5 % во 1975 година и 14,5 % во 1996 година. Понатаму, една од најдинамичните индустриски гранки била тутунската индустрија: производството на ферментиран тутун било зголемено за повеќе од седумпати во текот на 1946-1994, а производството на цигари пораснало за дури 25 пати, со што учеството на оваа гранка во вкупното инустриско производство достигнало 6 %. Поголеми фабрики од тутунската индустрија биле. Тутунскиот комбинат - Прилеп, Тутунскиот комбинат „Благоја Деспотовски-Шовељ“ - Скопје, Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски“ - Куманово и „Јака“ - Радовиш. Производството на основни суровини и материјали особено пораснало во периодот 1970-1984, кога производството на сурово железо пораснало за 18 пати, производството на волнени производи се зголемило за повеќе од трипати, производството на вештачки влакна се зголемило за деветпати, производството на хартија пораснало за петпати итн. Набљудувано во периодот 1945-1990, голем пораст на производството бил остварен во следниве гранки: производството на оловен концентрат (4,5 пати), производството на одливци од сив лим (289 пати), градежни машини и уреди (223 пати), пумпи (396 пати), челични конструкции (696 пати), тули (75 пати), вар (103 пати), режана букова граѓа (150 пати) и памучни ткаенини (360 пати). Понатаму, во 1965-1966 започнало производството на алуминиумски легури при што во периодот 1965-1990 ова производствот се зголемило за 12 пати, а најзначајната фабрика била „Алумина“ во Скопје. Во 1965-1966 започнало и производството на сообраќајни средства при што производството на автобуси во 1990 година било поголемо за над 17 пати во споредба со 1965 година, додека производството на приколку се зголемило за 11 пати. Најголемата фабрика од оваа индустриска гранка била ФАС „11 Октомври“ во Скопје. Во 1964 година започнало производството на градежни метални елементи чиј обем во 1990 година бил поголем за 76 пати во споредба со почетниот. Најголеми фабрики од оваа гранка биле: „Факом“ во Скопје, „Искра“ во Куманово, „Металец“ во Прилеп и „Гоце Радосављевиќ“ во Битола. Во 1967 година почнало производството на бело сурово железо, инготи од електрочелик и други дебели и средни лимови. Најголема фабрика од оваа гранка била Рудници и железарница „Скопје“, која во 1997 година се поделила на 12 посебни трговски друштва. Во периодот на забрзана индустријализација дошло до голем пораст и во производството на производите за широка потршувачка, како: сапуни и детергенти (195 пати), мебел за домаќинството (4 287 пати), лесна конфекција (10 пати), тешка конфекција (111 пати), конзервирано овошје (12,5 пати), конзервиран зеленчук (481 пати), масло за јадење (31 пати), цигари (9 пати), ферментиран тутун (4 пати) итн.[10] Најзначјани фабрики изградени во периодот на индустријализацијата биле: ОХИС, Алкалоид, [Хемтекс]], „Раде Коначар“, „Треска“, Факом, МЗТ, „Гоце Делчев“, „Газела“, ТИПО, „Европа“ и Усје во Скопје; „Радика“ во Дебар; Мермерен комбинат, Микрон, Еуроинвест и Витаминка во Прилеп; Мермери и Декон во Гостивар; Силекс во Кратово; „Киро Ќучук“, „Благој Ѓорев“ и Порцеланка во Велес; ШИК „Јелак“ и Тетекс во Тетово; „Диер“ и ЧИК Куманово во Куманово; „Страшо Пинџур“ во Кавадарци; Отекс, Братство, Слобода, ЕМО и Застава во Охрид; „Астибо“, „Баргала“ и „Македонка“ во Штип; Агроплод во Ресен; „Герас Цунев“ во Струмица; „4 Ноември“, Фринко и Пламбит во Битола; „Македонија“ и „Поварадарие“ во Неготино; „Табе Цалески“ во Кичево; „Руен“ во Кочани; Сувенир во Самоков; Југотутун во Св. Николе; Зора-Винојуг во Гевгелија итн.[11] Најважните одлики на индустрискиот развој на Македонија во периодот 1945 - 1990 биле:[12]
Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ, по Референдумот од 1991 година, излегла како најсиромашна република. Во првата половина од 1990-тите, македонската економија западнала во рецесија поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката трговска блокада на границата, економските санкции спрема СР Југославија и многу други. Дури кон крајот на 1990-тите, економијата полека почнала да расте, но растот бил прекинат за време на војната во Косово во 1999 и домашниот етнички конфликт во 2001. Како последица на тоа, во тој период, Македонија сѐ уште го немала достигнато ни нивото од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987). Меѓународни рангирањаУслови за водење бизнис според „Форбс“Во октомври 2014 година, познатото списание „Форбс (Forbes)“ ја рангирал Македонија на 36. место во светот според условите за водење бизнис. По одделни категории, Македонија остварила најдобри оценки во доменот на монетарната слобода и бирократските процедури, каде била рангирана на шестото и седмото место. Во категориите за заштита на инвеститорите и даночното оптоварување, Македонија се пласирала на 16. и 24. место во светот. Од друга страна, Македонија била најслабо рангирана во категориите: функционалност на пазарот (67 место), лични слободи (69 место), сопственички права (78 место) и иновации (82 место).[13]
Индекс за глобална конкурентност![]() Според Извештајот за глобалната конкурентност од септември 2016 година, Македонија била рангирана на 68. место во светот, што претставувало пад во споредба со претходниот извештај, кога се наоѓала на 60. место. Набљудувано според одделните критериуми, Македонија била рангирана на 34. место според ефикасноста на пазарот на стоки, на 44. место според макроекономскиот амбиент, на 51. место според иновациите, на 80. место според инфраструктурата, на 92. место според секторот здравство и основно образование и на 95. место според пазарот на труд.[15] Според Извештај за глобалната конкурентност за 2018-2019, Македонија се наоѓала на 84. место во светот, со 56,6 бода. Македонската економија била најлошо рангирана во извештајот за 2008-2009 година (89. место).[16] Притоа, набљудувано по одделни категории, македонската економија била рангирана на 57. место според бизнис динамизмот, на 109. место според големината на пазарот, на 107. место според пазарот на производи, на 98. место според способноста за иновации, на 85. место според квалитетот на институциите, на 81. место според вештините на човечкиот капитал, на 80. место според инфрастуктурата, итн.[17] Кредитен рејтингВо 2015 година, десетта година по ред, агенцијата „Фич“ го потврдила кредитниот рејтинг на Македонија на нивото „ВВ+“ при што стабилниот изглед бил заменет со негативна перспектива,[18] а истата оцена била потврдена и во февруари 2016 година.[19] Во 2015 година, агенцијата „Стандард и Пурс“ ѝ доделила на Македонија кредитен рејтинг од „ВВ-“. На 19 август 2016 година, „Фич“ за првпат го намалил долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ВВ+“ на „ВВ“.[20] Во 2017 година, „Стандард & Пурс“ го потврдил кредитниот рејтинг од „ББ-“ со стабилен изглед,[21] а истата оцена се повторила и пролетта 2018 година.[22] Бруто-домашен производСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, БДП на Македонија изнесувал 8,57 милијарди евра, од кои 3,67 милијарди отпаѓале на Скопскиот Регион. Истата година, БДП по глава на жител изнесувал 4.149 евра. Набљудувано по региони, БДП по глава на жител во Скопскиот плански регион изнесувал 5.959 евра, а 1.907 евра во Полошкиот Регион. Притоа, Скопскиот Регион учествувал со 42,8% во вкупниот македонски БДП, а најмало учество имал Североисточниот Регион (5%).[23] Годишни стапки на раст на БДП во Македонија, 1993-2003[24]
Годишни стапки на раст на БДП во Македонија, 2004-2016[25][26] [27]
ИнфлацијаСтапката на невработеност во Македонија, 1993-2009[28]
Секторска структура на економската активностРударствоВо 2015 година, во секторот на рударството работеле околу 300 претпријатија, од кои околу 160 биле ангажирани директно во рударството. Само во рудниците биле вработени околу 3.000 лица, додека заедно со фирмите за вадење камен, бројот на вработените изнесувал околу 12.000. Во 2011 година, производството на основни метали учествувало со 9,38% во БДП, додека учеството на секторот за вадење руди на метали изнесувало 1,7%. Вадењето руди на метали учествувало со 6,05% во вкупниот физички обем на производството во индустријата и рударството. Во 2014 година, извозот на основни метали изнесувал 894,6 милиони долари, а заедно со вадењето руди на метали, вкупниот извоз изнесувал 970 милиони долари.[29] Енергија![]()
Земјоделство![]() Земјоделството има значајно и стабилно учество во македонската економија, при што веднаш по индустријата тоа има најголемо учество во БДП кое во периодот од 1996 до 2001 година учествувало со 10,6%[31]. Во следните години учеството на земјоделството во вкупниот БДП на Македонија изнесувало 10,0% во 2002, 11,4 во 2003 и 11,3% во 2004 година, при што во периодот 2002-2004 година земјоделското производство се развивало побрзо од просекот на стопанството[32]. Меѓутоа, ако се додаде и процентот од учеството од индустријата кој изнесува 5,4% за прехранбената и тутунската индустрија, тогаш агрокомплексот во македонското стопанство добива поголемо економско значење[31]. Заклучно со 1997 година година, земјоделството покажувало негативен тренд на опаѓање[31]. Според податоците од Заводот за статистика, во 2003 година вкупната вредност на земјоделството во Македонија учествувала со 12%, а заедно со преработувачката индустрија 18%, при што изразената вредност на производството на земјоделската гранка изнесувала 57 милијарди денари или 925 милиони евра[33]. Вкупната меѓуфазна потрошувачка на семенски материјал, енергија (гориво), ѓубрива, средства за заштита, добиточна храна и друго имала вредност од 31 милијарда денари или 500 милиони евра, а додадената нето-вредност на земјоделската гранка изнесувала 23,6 милијарди денари или 380 милиони евра[33]. Во структурата на вредноста на земјоделските производи, житата учествувале со 5.500.000.000 денари или 90.000.000 евра, градинарските производи со 15.300.000.000 денари или 250.000.000 евра, овошјето со 7.600.000.000 денари или 124 милиони евра, сточарското производство со 12.600.000.000 денари или 205.000.000 евра [33]. Со засилените политики за поддршка и развој на земјоделството по 2006 година, тоа бележи благ пораст и развој. Во структурата на физичкиот обем на земјоделството доминира учеството на растителното производство, кое постојано се зголемува (од 61% во 1994 на 70% во 1999 г.), а сразмерно на тоа, учеството на физичкиот обем на сточарството во истиот период се намалува (од 39% на 30%)[31].
ТелекомуникацииВо јуни 2015 година, по двегодишна работа, престанал да постои виртуелниот мобилен оператор „Албафоне“, а во исто време се споиле операторите „Вип“ и „Оне“. Во 2010 година, просечната цена за една минута разговор во мобилната телефонија во Македонија изнесувала 3,4 денари, а веќе во 2014 година, таа паднала на 1,27 денари. На крајот од 2014 година, во Македонија имало 2.224.439 мобилни претплатници, што претставувало стапка на пенетрација од 107,86%. Од вкупниот број претплатници, 1.234.726 биле при-пејд коринсици, 697.954 биле пост-пејд корисници, а 291.759 биле деловни пост-пејд корисници. Фирмата „Т-мобиле Македонија“ имала најголемо пазарно учество од 46,35%, а по неа следувале „Вип“ со 27,2% и „Оне“ со 25,9%, а операторот „Албафоне“ имал учество од 1,29%.[36] Во октомври 2015 година официјално започнала со работа новата компанија „Оне.Вип“ настаната со спојување на двата оператора „Оне“ и „Вип“. Притоа, во новата фирма, Телеком Австрија поседувала 55% од акциите, додека 45% биле во сопственост на Телеком Словенија.[37] СообраќајСпоред податоците на Европската федерација за патишта, во 2012 година, Македонија имала патишта во вкупна должина од 14.297 километри, од кои: 259 километри биле автопатишта, 911 километри биле магистрални патишта, 3.772 километри отпаѓале на регионални патишта, а 9.355 километри биле останати патишта (локални, макадамски итн.). Притоа, Македонија била една од земјите со најниски инвестиции во патната инфраструктура, со вложени 113 милиони евра во периодот 2009-2013 година.[38]
ТуризамСпоред Државниот завод за статистика, во 2015 година Македонија ја посетиле 816.067 туристи (од нив, 485.530 странски и 330.537 домашни), а во 2016 година 856.843 туристи, од кои 510.484 биле странски, а 346.359 домашни. Притоа, во 2015 година биле остварени 2.394.205 ноќевања (1.357.822 од домашни гости и 1.036.383 до странски гости), а во 2016 година 2.461.160 ноќевања (1.407.143 од домашни гости и 1.054.017 од странски гости). Во однос на структурата на странските гости, во 2015 година имало 90.857 туристи од Турција, 43.613 од Србија, 38.829 од Грција, 32.217 од Холандија, 29.314 од Бугарија, 18.493 од Албанија, 17.939 од Германија, 17.054 од Полска, 15.135 од Хрватска и 13.950 од Косово. Според Светскиот совет за патување и туризам, Македонија се наоѓала на 151. место во светот, мерено според значењето на туризмот во БДП. Притоа, во 2016 година, директното учество на туризмот во македонскиот БДП зинесувало 10,4 милијарди денари, т.е. 1,8% од БДП, додека вкупното (директно и индиректно) учество на туризмот во БДП изнесувало 38,5 милијарди денари, или 6,7% од БДП. Исто така, туризмот директно придонел за 12.000 работни места (1,6% од вкупната вработеност), додека заедно со индиректните работни места, учеството изнесувало 6,1%, т.е. 44.000 вработени. Извозот остварен од туризмот бил проценет на 282,8 милиони денари, или 5,4% од вкупниот извоз, а во туризмот биле инвестирани 4,5 милијарди денари (2,4% од вкупните инвестиции).[40] ИндустријаВо 2016 година, пеработувачата индустрија имала учество од 80,7% во вкупното индустриско производство на Македонија. Притоа, производството на прехранбени производи била најголема индустриска гранка, со учество од 12,75%, а по неа следувале: производство на облека (11,65%), снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9,2%), производство на машини и уреди (8,25%), производство на метали (5,76%), производство на други неметални минерални производи (5,14%), производство на пијалаци, производство на возила и приколки (4,81), производство на електрична опрема (3,82%), производство на фабрикувани метални производи (3,5%), производство на основни фармацевтски производи (2,36%), производство на производи од гума и пластични маси (2,35%), производство на текстил (2,18%) итн.[41] [42] Годишни стапки на раст на индустриското производство (2009-2016)[41]
Текстилна индустрија![]() Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% до текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2% во 2014 година.[43] Извозот на текстилни производи (1998-2014)[43]
Производство на храна и пијалациВо 1994 година, македонскиот извоз на вино изнесувал 15,6 милиони долари, а извозот се зголемил на 63,5 милиони во 2014 година. Во 2012 година биле извезени 118 милиони литри вино, од кои 79 милиони во ЕУ.[44] Биланс на меѓународните плаќања
Надворешна трговијаТрговијата во Македонија отсекогаш имала меѓународен карактер, благодарение на нејзината централна положба на Балканскиот Полуостров и поволната природна и воедно најкрата врска помеѓу запад и исток по долината на реката Вардар, што било забележано уште од античките времиња кога главните римски патишта (Вија Егнација) минувале низ Македонија, а Скопје и Солун биле главни трговски центри со присуство на познати трговци од Дубровник, Венеција, Византија[32]. По осамостојувањето, Македонија како мала земја се соочила со императивот да ја зголеми својата отвореност и да ја подобри својата интегрираност во глобалните светски економски текови во 1990 година[32]. Учеството на надворешнотрговската размена односно вредноста на увозот и извозот заедно во Бруто-домашниот производ на земјата, кое изнесувало 60%, во текот на 1990-тите години надминал 80%.[32] Според индексот на отвореност во меѓународната трговија Македонија е рангирана на 40то место помеѓу 141 држава, при што во регионот подобра позиција имаат само Словенија и Бугарија.[32] Тенденцијата на пораст на надворешнотрговската размена е проследена со намалување на степенот на покриеност на увозот со извоз и со пораст на трговскиот дефицит на земјата.[32] Трговската отвореност на Македонија, 1993-2009[46]
![]() Во структурата на извозот најголемо учество во 2005 година имале: текстилот и облеката (28,5%), железото и челикот (26%), земјоделските производи - храна и суровини (17,3%), минералните суровини - руда, горива и обоени метали (10,78%) и машини, канцелариска и транспортна опрема (5,38%)[32]. На страната на увозот доминирале: мин ералните суровини, рудите и горивата (21,85%), машините, канцелариската и транспортната опрема (17%), земјоделските производи - храна и суровини (13,77%), хемиските производи (10%) и различни полупроизводи (9%)[32]. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, Македонија остварила вкупен обрт на надворешнотрговска размена од 7,781 милијарда $, од кои 34,8% извоз и 65,2% увоз, додека во 2010 година забележала пораст на 8,825 милијарди $ со пораст на извозот на 37,97% и пад на увозот на 62,03%.[47] Во однос на географската структура, најголемиот дел од надворешно-трговската размена се одвива со Европската Унија: Во 2013 година, извозот кон ЕУ изнесувал 2,35 милијарди евра (72,6% од вкупниот македонски извоз), а во 2016 година се зголемил на 3,459 милијарди евра (79,9% од вкупниот извоз). истовремено, во 2013 година, увозот од ЕУ изнесувал 3,125 милијарди евра (62,7% од вкупниот увоз), а во 2016 година увозот од ЕУ пораснал на 3,784 милијарди евра (62% од вкупниот македонски увоз).[48] Најзначајни надворешнотрговски партнери на Македонија: Србија, Германија, Италија, Грција, Бугарија, Русија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Словенија, Црна Гора и Косово[32]. Во 2016 година, 47% од вкупниот македонски извоз бил насочен кон Германија, а други поважни извозни пазари биле Бугарија (5,2% од извозот) и Србија (4,5% од извозот). На страната на узвозот, најголемо ичество имала Германија (12,3%), по што следувале Велика Британија (10,7%) и Србија (7,5%).[48] Македонија е голем увозник на енергија. Во 2004 и 2005 година, увозот на електрична енергија изнесувал 1.598 и 1.652 гигават часови, соодветно, додека во 2006 година скокнал на 1.958 гигават часови. Во 2009 година биле увезени 1.701 гигават час, во 2010 година 1.728 гигават часови, а во 2015 година бил достигнат нов рекорд во увозот на електрична енергија - 2.785 гигават часови.[49]
Девизен курсКурсот на германската марка во однос на денарот, 1993-2001[51]
Курсот на еврото во однос на денарот, 2002-2009[52]
Девизни резервиБруто девизни резерви на Македонија, 1993-2009[53]
Пазар на трудНевработеност![]() Стапка на невработеност во Македонија во 2024 по региони Стапката на невработеност во Македонија, 1993-2003[55]
Стапка на невработеност во Македонија, 2004-2016[25][26]
ПродуктивностСпоред податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.[56] Јавни финансии и фискална политикаВо 2008 година, вкупните буџетски приходи изнесувале 32,9% од БДП, додека во 2014 година тие паднале на 27,7%. Истовремено, вкупните буџетски расходи се намалиле од 33,8% во 2008 година на 31,8 во 2013 година. Во структурата на буџетските расходи, капиталните расходи учествувале со 14,3% во 2008 година, додека во 2016 година нивното учество изнесувало 9,2%.[57] Капиталните расходи во буџетот на Македонија, 2003-2016 (% од вкупните буџетски расходи)[57]
Даночен системДаночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[25]
Буцетско салдоБуџетското салдо во Македонија, 2008-2016 (% од БДП)[57]
Јавен долгЈавниот долг во Македонија, 2004-2016 (% од БДП)[25]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia