Кајлари
Кајлари или Кајлар (грчки: Πτολεμαΐδα, Птолемаида) — град во Егејска Македонија. Денес има 37.289 жители и се наоѓа помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен во Западна Македонија. Градот е голем индустриски и стопански центар на Грција и произведува над 70 % од струјата во државата. ИмеГрчката верзија на името потекнува од Птоломеј Лаг, првиот генерал на Александар Македонски, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Многу Македонци живеат тука и во околниот крај.[2][3] КултураФудбалскиот клуб на Кајлар се нарекува Еордаикос (грчки: Εορδαϊκός). Друг тим е ФК Птолемаидас. Градот има училишта, градинки, гимназии, цркви, банки, пошта, железничка станица (Кожани - Лерин), полициска станица, кула на вода, и плоштади. Постои потенцијал во блиска иднида во градот да се отвори универзитет. Музејот на антропологија и фолклор е со седиште во градот. СтопанствоОва е високоразвиен индустриски центар. Четирите електрани во оваа област произведуваат 70% од електричната енергија во Грција, со користење на големи локални депозити на лигнит како гориво. Електраните се во сопственост на Електростопанство на Грција (ДЕИ), главниот работодавач во градот. Фабриката е посветена на премиер на Грција во тоа време, Константин Караманлис. Другите две се во Суровичево во Леринско и во Топчилар. Етнички состав на населениетоЗначителен дел од жителите на Кајлари денес се Грци доселени од Мала Азија или нивни потомци. Тие биле бегалци кои први пристигнале во Егејска Македонија во текот на 1920-тите години како резултат на размената на населението согласно Лозанскиот договор. Има и значителен број на Македонци, особено во соседните села. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia