Суровичево (општина)
Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско. Населени местаОпштината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.[1] Општинска единица АјтосОпштинската единица е со седиште во Ајтос и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: ![]() ![]()
На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми). Општинска единица Лехово![]() Општинската единица има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο). Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г. Општинска единица Мокрени![]() Општинската единица има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината. Општинска единица Невеска![]() Општинската единица има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео). Општинска единица СуровичевоОпштинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: ![]() ![]()
Општинска единица ЧалџиевоДо 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Опшинската единица Чалџиево со седиште во Чалџиево (Филотас) ги опфаќа следниве општински оддели населени места: ![]()
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia