Кокошиње
Кокошиње — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Свети Николе и Кратово. Истото е сместено недалеку од патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 630 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 25 километри.[2] Селото се наоѓа во западното подножје на планината Манговица, оддалечено 28 километри јужно од Куманово. Низ селото поминува регионалниот пат 2247, кој се двои од регионалниот пат 1204 на раскрсницата кај селото Павлешенци. Сепак, регионалниот пат 2247 е недовршен и е неасфалтиран во овој дел. Селото се наоѓа во северниот дел на Овче Поле, а околни села се Горно Ѓуѓанци, Строиманци, Павлешенци, Татомир и други. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од една чешма и од поголем број на бунари. Во суштина, селото отсекогаш имало оскудност со вода.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Асаница, Забел, Бабин Град, Милев Рид, Рамниште, Дренов Дол, Кампор, Краиште, Грујач, Локва, Врли, Голајево, Турска Кула, Грамади и други.[3] Кокошиње се состои од два дела, кои се одвоени со долина. Деловите се наречени Тај Страна и Овај Страна, додека поединечните групи на куќи се наречени по родовите, како Младеновци, Даутовци, Галевци и други.[3] ИсторијаМесноста Грамади се наоѓа околу 700 метри југозападно од селото, каде денес се наоѓаат ниви. На рабовите од нивите се забележуваат грамади од камења и кршени ќерамиди. Мештаните кажуваат дека таму некогаш имало стара населба. Од нивите биле ископувани и големи земјени ќупови.[3] Кокошиње најпрвин било мешано турско-македонско село, но Турците некаде се иселиле. Последното турско семејство го напуштило селото во 1890 година. Како спомени на нивното присуство се топонимите Турски Гробишта, Турска Нива и Турска Кула, иако од гробиштата и од кулата нема никакви остатоци.[3] Во селото, на почетокот имало само 6 македонски куќи, но подоцна нивниот број бил удвоен, додека не бил достигнат денешниот број на домови (100 домови во 1957 г.). Најстарите македонски родови се доселиле на крајот на XVIII век.[3] Пред крајот на отоманскиот период, селото било поделено на „српска и бугарска партија“, поради што во селото имало две училишта и два свештеника. Некогаш доаѓало до меѓусебни судири, па дури и убиства меѓу двете страни.[3] Во август 1904 година чети на ТМОРО извршуваат масакр врз селаните од Кокошиње при што се убиени 53 селани.[4] Кон средината на септември истата година во Кокошиње влегол и Мише Развигоров со својата чета во Кокошиње и убил осуммина селани.[5] Стопанство![]() Атарот на селото зафаќа простор од 14,8 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 682 хектари, на пасиштата отпаѓаат 623 хектари, а на шумите 106 хектари.[2] Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2] За време на отоманскиот период, македонските семејства поседувале своја земја.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кокошиње живееле 560 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во К’шање имало 880 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8] Од Кокошиње се иселил значителен број од неговото население, коешто во 1961 година броело 634 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на 69 жители, од кои 68 биле Македонци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Кокошиње живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 Србин.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКокошиње е македонско село.[3] Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
ИселеништвоИселеништвото од ова село во главно се одвивало кон Куманово и Свети Николе. До 1957 година, таму се иселиле преку 12 домаќинства.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Кокошиње било село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац. Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година. ![]() Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Кокошиње, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, К’шање, Кутлибег, Кучкарево, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на некогашната Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1134 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia