Селото се наоѓа во областа Славиште, во северните ограноци на Осоговските Планини, оддалечено на 2,5 километри јужно од Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 5,57 квадратни километри. На север се граничи со градот Крива Паланка, на исток и југоисток со селото Дурачка Река и на југозапад и запад со селото Конопница.
Мартиница е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, селото потекнува од околу 1850та кога се населил првиот род. Родови во Мартиница се: Бујинци (8 куќи) доселени се од некаде, околу 1850та они се најстар род во селото, основачот на родот се викал Бујо; Радевци (6 куќи) доселени се од некое село кај Сурдулица, го знаат следното родословие: Милан (жив на 58 г. во 1973 година) Стојан-Стеван-Раде, основачот на родот кој се доселил; Басјанци (4 куќи) доселени се после споменатите два рода од селото Б’с, во Б’с се доселени од селото Караманица кај Босилеград, го знаат следното родословие: Спасе (жив на 60 г. во 1973 година) Ѓорѓе-Младен, кој се доселил од Б’с; Калакасовци (7 куќи) доселени се однекаде, после претходниот род; Пауновци (4 куќи) ни они не знаат од каде се доселени.[11]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Староседелци: Ристовци (1 к.) и Калакасовци (9 к.)
Со непознато потекло: Лековци (2 к.)
Доселеници:Ѓоргијовци (2 к.) доселени се однекаде, одамна; Ѓаковци (2 к.) и они се доселени однекаде; Пауновци (6 к.) доселени се пред 1820 година, однекаде; Гранџовци (3 к.) и тие се доселени од непознато место, околу 1860 година; Бујинци (8 к.) доселени се од селото Петралица, каде имале роднини; Радевци (12 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Сурдулица во Србија; Базјани (5 к.) доселени се од селото Бс; Зајци (2 к.) доселени се од селото Конопница; Попанци (2 к.) и они се од Конопница; Лепојци (3 к.) доселени се околу 1866 од некое место Сураица; Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Киселица.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“