Кадарли
Кадарли или Кадарлија (варијанти: Кадирли или Кадирлија) — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала. ГеографијаСелото се наоѓало на планината Огражден. ИсторијаНа крајот од XIX и почетокот на XX век Кадарли било турско село во Струмичката каза. Населението се занимавало со земјоделство, сточарство и дрводелство. Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кадарли имало 30 куќи, сите муслимански.[2] Според него, во Кадарлија и соседното Кара Чали живееле околу 150 муслимани кои имаат по една мала џамија.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кадарли (Кадърли) се состоело од 140 лица, сите Турци.[4] Според „Материяли за изучване географията на Македония. ΙΙ. Струмишка каза“ во 1905 г. Кадерли (Казарли, Кадарли) е чисто муслиманско село со 12 куќи од 69 жители и една џамија.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia