Карачали (Струмичко)
Карачали или Кара Чали — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала. ГеографијаСелото се наоѓало на јужните падини на Огражден, северно од Струмица и на мало растојание јужно од Висока Маала.[2] Потекло на иметоИмето на селото доаѓа од турскиот поим Kara Çalı, што значи „црн трн“.[3] ИсторијаНа крајот од XIX век Карачали било турско село во Струмичката кааза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Карачали имало 15 домакинства сочинети од 34 муслимани.[4] Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кара-чали имало 10 куќи, сите муслимански.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кара Чали имало 50 жители, сите Турци.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia