Доброшинци
Доброшинци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Географија и местоположба![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Доброшинци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Општина Василево, во Струмичката Котлина, на левата страна од реката Струмица и во подножјето на планината Огражден. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 13 километри. Надморската височина во селото е 217 метри додека селото зафаќа површина од 24,2 км2. Од нив 913,1 хектари се обработливо земјиште, 775,2 хектари се пасишта и 643,8 се шуми[2] ИсторијаАнтички периодВо околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Блок на ЗИК, Крсла и Тумба. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период. Самото име се претпоставува дека е добиено од етимолошката врска и историската поврзаност помеѓу античкиот град Добер и денешното село[3]. Отоманско ЦарствоИмето на селото пред доаѓањето на Османлиите најверојатно било Добрево[3]. Во текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства со 147 жители Македонци и 40 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 320 жители, од кои 60 Македонци и 260 Турци[4][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 40 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми[4][7]. ЈугославијаПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Доброшинци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. НаселениеСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци и 150 Македонци.[8] На пописот од 2002 година, селото имало 936 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Во 1953 година, 75 % од населението биле Турци, но со нивното иселување во Турција, бројот на Турците повеќе од двојно се намалил, додека бројот на Македонците истовремено се зголемувал. Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Доброшинци има 678 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1806 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 789 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia