Ангелци
Ангелци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Географија и местоположба![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Ангелци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Струмичка Котлина, лево од патот Струмица-Радовиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 7 километри. Надморската височина во селото е 219 метри додека селото зафаќа површина од 6 км2. Од нив, 523,6 хектари се обработливо земјиште, 20,8 хектари се пасишта и 0,4 се шуми.[2] ИсторијаРан периодАнгелци е една од најстарите неолитски населби на Балканот. За тоа сведочат ископувањата што биле направени од Заводот и Музеј од Струмица каде на наоѓалиштето Страната биле пронајдени повеќе предмети од овој период и денес се изложени во Музејот во Струмица. Отоманско ЦарствоСпоред преданијата името на ова село потекнува од убавата мома Ангелина која била грабната од турски војководец. Кога Османлиите го освоиле регионот, селото имало само 18 куќи. Поминувајќи покрај селото, османлискиот водач Забит забележал една многу убава девојка. Селската убавица се викала Ангелина, а офицерот ја викал Ангелца. Забит рекол на селаните дека ќе се врати по неа, иако таа била свршена. Кога аскерот заминал од селото, селаните ја сокриле девојката Ангелина. Со нејзината убавина целото село се гордеело и не сакале да ја дадат за синот на Забит. Кога офицерот Забит повторно се вратил во селото, овојпат со намера да ја грабне Ангелина, селаните се обиделе да го излажат, кажувајќи му дека таа побегнала. Кога офицерот видел дека селаните немат намера да ја дадат убавицата, наредил на војниците да го претресат селото. Војниците внимателно ја претресле секоја куќа. Најпосле ја нашле девојката. Иако родителите се спротивставувале, Забит ја качил девојката пред себе на коњот и заминал од селото. Грабнатата девојка ја подарил на син му во Истанбул како спомен од неговиот освојувачки поход во тој дел на Македонија. Селаните долго време се сеќавале на тој немил настан и тагувале за убавицата Ангелина, односно Ангелца како што ја викал офицерот. Според народната легенда, во знак на сеќавање на селската убавица, селото било наречено Ангелци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 345 жители, од кои 220 Македонци и 125 Турци[3][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 24 Роми[3][5]. По започнувањето на Балканските војни, од селото 3 луѓе биле доброволеци во Македонско-одринските доброволни чети[6] На 20-годишнината од војната било востановено одликување Медал за Балканската војна 1912-1913, кој бил доделен на Харалампи Стоилов, како учесник во 7-та Кумановска дружина[7]. ЈугославијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Ангелци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. СтопанствоВо селото постојат неколку претпријатија кои се во чекор со европските побарувања. Една од Фирмите е Riprom, мало претпријатие кое има тенденции за раст. Има посадено 150 декари вишна која во целост се извезува во ЕУ, а исто така врши откуп од регионот за извоз во ЕУ. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 100 Турци.[8] Во 1961 година селото имало 682 жители, од кои 651 Македонец, 24 Турци и 6 Срби. Во 1994 година во селото живееле 893 луѓе, од кои 866 Македонци, 27 Турци [2].. На пописот од 2002 година, селото имало 913 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ангелци има 869 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Институции и знаменитости
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1805 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 759 гласачи.[15] ЛичностиЛичности родени во Ангелци:
Културни и природни знаменитостиВо поранешно време имало повеќе културни збиднувања во Ангелци, како на пример „Сина Вечер“ иницирана од младината на Ангелци. Во сегашно време останало да се прославува празникот на селото Свети Спас. Во Манастирскиот комплекс на селото Ангелци се одржува фестивал на народни ора и игри „Света Петка“ со учество на повеќе културно уметнички друштва од регионот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia