Чанаклија
Чанаклија — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаЧанаклија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во североисточниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри. Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 18,5 км2. Од нив, 628 хектари се обработливо земјиште а 1093 хектари се шуми[2] ИсторијаАнтички периодОва населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Градиште. Претставува градиште од доцноантичко време. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со димензии од 200 х 50 м се зачувани остатоци од бедем граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од неколку помали објекти[3]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Мездра. Претставува депо на монети од средниот век. Се состои од 72 златни чанковидни монети и една бронзена чанковидна монета, сите од XII век до XIII век. Присутни се монети од Исак II Ангел (1 златна), Јован III Ангел Дука Ватац (57 златни и една бронзена) и Михаил VIII Палеолог (17 златни). Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Струмица. Отоманско ЦарствоВо текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 23 семејства со 38 жители Македонци и 25 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Турци[6]. ЈугославијаПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Чанаклија било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци и 25 до 50 Македонци.[7] Во 1961 година селото имало 496 жители. Во 1994 година во селото живееле 569 луѓе, од кои 278 Турци и 215 Македонци[2] Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Чанаклија има 421 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
На пописот од 2002 година, селото имало 598 жители. Следува табела на националната структура на населението[8]
До 1961 година, Турците сочинувале повеќе од половина од вкупниот број на население, но од наредната пописна 1971 година бројот на Турците значително се намалува, додека бројот на Македонците бележи благо зголемување. Намалувањето на Турците во селото се должи пред сè, на нивното постепено иселување во Турција, во средината на XX век. Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1810 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.[10] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia