Сушево (Струмичко)
Сушево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаСушево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри. Надморската височина во селото е 300 метри додека селото зафаќа површина од 10,9 км2. Од нив, 373 хектари се обработливо земјиште, 456 хектари се шуми и 183 хектари се пасишта [2] ИсторијаАнтички период![]() ![]() Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Граница. Претставува населба од доцноантичко време. На 2 км северно од селото, на висок рид со доминантна местоположба, на простор од 70 х 50 м има големи грамади од насобрани камења, фрагменти од питоси и покривни ќерамиди[3]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Манастир. Претставува базилика од старохристијанско време. На 500 м западно од селото се гледаат темели на старохристијанска базилика која е значително оштетена. Темелите се градени од камен и варов малтер. Отоманско ЦарствоВо текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 60 жители Македонци и 190 Турци[4][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][6]. ЈугославијаПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Сушево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ. МакедонијаПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци и 100 Македонци.[7] На пописот од 2002 година, селото имало 723 жители и спаѓа во групата на средно големи села, но низ годините е забележат благ пораст на населението.[8] Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сушево има 508 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[9]
Институции и знаменитости
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1807 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.[13] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia