Константинополски Вилает
Константинополскиот Вилает[2] или Истанбулски Вилает (турски: Vilâyet-i İstanbul, француски: Vilayet de Constantinople) ― административна единица (вилает) од прво ниво на Отоманската Империја, опфаќајќи ја императорската престолнина Константинопол (Истанбул). Имал посебна организација, бидејќи бил под непосредна надлежност на министерот за полиција (Забтије назири; заптија), кој исполнувал улога еднаква на валијата во другите вилаети.[3] Вилаетот го вклучувал Константинопол (Стамбол; внатрешниот град, на турски јазик познат како Истанбул) и квартовите Ејуп, Касим Пача, Пера и Галата и сите предградија од Силиври на Мраморното Море до Црното Море на европската страна и од Гили на Црното Море до крајот на Измитскиот Залив од азиска страна.[3] Во 1878 година, била создадена покраинска структура, со валија и покраински службеници за извршување на истите функции во Константинопол што покраинските власти ги извршувале на друго место во Империјата.[4] Административни единициСанџаци и кази, околу 1877 година:[3]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia