Сириски Вилает
Сириски Вилает[2] (арап. ولاية سوريا; османски турски: ولايت سوريه),[3] познат и како Дамаски Вилает,[4] ― вилает (административна единица) од прво ниво во Отоманската Империја. На почетокот на 20 век, наводно имал површина од 62,180 км2, додека прелиминарните резултати од првиот османлиски попис од 1885 година (објавен во 1908 година) прикажал дека населението е 1.000.000 жители.[5] Точноста на бројките на населението се движи од „приближна“ до „само претпоставена“ во зависност од регионот од кој се собрани.[5] ИсторијаВо 1864 година беше објавен Законот за вилаети.[6] Новиот покраински закон бил спроведен во Дамаск во 1865 година, а преобликуваната покраина била именувана Сирија (Сурија/Сурије), што ја одразува растечката историска свест кај месните интелектуалци.[6] Ерусалим бил одделен од останатиот дел од покраината и бил направен во независниот Ерусалимски Санџак кој известувал директно до Константинопол, наместо во Дамаск. На сличен начин, Мутасарифството Планина Либан била направена во самоуправно мутасарифство во 1864 година.[6] Во 1872 година, бил создаден нов административен регион, со средиште во Маан, но трошоците за новата административна единица многу ги надминале приходите, и таа била прекината следната година.[7] Во 1884 година, управникот на Дамаск дал предлог за создавање нов вилает во јужна Сирија, иако ништо не произлегло од тоа.[7] Во 1888 година, од Сирискиот Вилает бил создаден Бејрутскиот Вилает.[6][8] Во мај 1892 година, бил даден уште еден предлог за регионална влада со средиште во Маан, кој бил одобрен во август.[7] Во средината на 1895 година, средиштето на ова мутасарифство било преместен во Карак (Карачко Мутасарифство), означувајќи го најјужниот дел од отоманското владеење во Сирискиот Вилает.[7] Од 1897 година, Сирискиот Вилает бил поделен на четири санџаци: Дамаски, Хамски, Хаурански и Карачки Санџак. Главниот град на Вилаетот бил Дамаск.[9] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia