Карта на Одринскиот Вилает. Источна Тракија е денешна европска Турција, и мали делови од Грција и Јужна Бугарија.Етнографска карта на Одринскиот Вилает во 1912 година според Љубомир Милетиќ. Текстот на картата е на бугарски јазик.
Името потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.
Население
Вилаетот бил населен воглавно од турско, грчко и бугарско население.[2] Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик.[3] Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,[4] 96,000 Помаци,[5] 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати.[6] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[7], и денес регионот е претежно населен со турско население.
Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910[8]
↑"Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София, стр. 7-9.
↑Тука влегуваат и околу 10,000 Егзархисти од Истанбулскиот вилает.
↑Според други тие се околу 130,000 души; Ст. Шишков "Помаците в трите български области Тракия, Македония и Мизия, Пловдив 1914, стр. 15.
↑"Разорението на тракийските българи... стр. 287-300.
↑Извештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје