Крпени
Крпени (грчки: Κρεπενή , Крепени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри од градот Костур на југоисточниот брег на Костурското Езеро во историско-географската област Корешта[3]. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри. ИсторијаВо доцниот среден век крпа Крпени било во составот на Втората бугарска држава. Во селото биле пронајдени бугарски монети и печат, со сликите на двајца бугарски владетели[4][5]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век селото било споменато со 24 глави на семејства и двајца невенчани: Папас, Драјо, Михо, Петру, Димитри, Михос, Јорго, Тодор, Јано, Стам, Јован, Тодорос, Михо, Добри, Јано, Грубан, Димитри, Дабижив, Петру, Стефан, Андро, Јорго, Стојко, Васо, Тодор, Петру и Којо, и две вдовици Кала и Марија. Вкупниот приход за државата од селото била 1.622 акчиња.[6]. Османлиски дефтер од 1530 пишува дека во селото има 30 семејства, 7 неженети и 5 вдовици.[7] Во текот на XVIII век во селото е изградена црквата „Свети Никола“[8]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крпени се состоело од 27 семејства со 75 жители Македонци[9][10] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крпени имало 70 жители Македонци[9][11]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карпени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[12] Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[9][13] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 гркомански семејства[14] Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[15]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба. Подоцна, на местото каде некогаш се наоѓало селото биле изградени колибарски куќи од жителите на Маврово, кои доаѓале во Крпени за да ги обработуваат своите земји. Крпени постои до денес, но до 1981 година се водела како напуштена населба без жители[15]. ДемографијаВо 1981 година имало 61 жител, додека во 1991 година имало 115 жители[16]. Денеска, населението на селото е 145 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia