Крушевица (Кавадаречко)

Крушевица

Воздушен поглед на селото Крушевица

Крушевица во рамките на Македонија
Крушевица
Местоположба на Крушевица во Македонија
Крушевица на карта

Карта

Координати 41°28′44″N 21°53′32″E / 41.47889°N 21.89222°E / 41.47889; 21.89222
Регион  Вардарски
Општина  Росоман
Област Тиквеш
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1421
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11025
Надм. вис. 280 м
Крушевица на општинската карта

Атарот на Крушевица во рамките на општината
Крушевица на Ризницата

Крушевица — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, од десната страна на патот Градско-Прилеп. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Градско.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 280 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 20 километри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3, додека под селото поминува новоизградениот експресен пат Градско-Дреново пуштен во употреба на 14 јануари 2025 година.

Селото се наоѓа на двете страни на Стара Река. До 1894 година, поголемиот дел од селото се наоѓал покрај реката, а по поплавата (однела 18 куќи), целото село се преместило на бреговите од долината. Водата за пиење доаѓала од чешми со вода од извори над селото.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Висок Камен, Осој и Корија.[3]

Селото има збиен тип со разредени краеви. Има три маала: Горно и Долно на левиот брег и Средно Маало на десниот брег од долината.[3]

Историја

Селото е доста старо, бидејќи во него се зачувани староседелски родови.[3]

Под месноста Осој над селото се наоѓаат ѕидини на манастир, кој бил срушен откако селото било потурчено.[3]

Стопанство

Стопански објект во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 километар квадратен. На него преовладуваат пасиштата на површина од 412 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 375 хектари, а шуми речиси и да нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Во отоманскиот период во селото немало бегови, туку работеле на своја земја. Некои од нив оделе да работат како аргати во побогатите тиквешки села, или на гурбет во Бугарија.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948247—    
1953184−25.5%
1961190+3.3%
1971136−28.4%
198178−42.6%
ГодинаНас.±%
199124−69.2%
199416−33.3%
20025−68.8%
20212−60.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крушевица живееле 554 жители, сите Македонци, од кои 524 муслимани и 30 христијани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]

Крушевица е мало село, коешто во 1961 година броело 190 жители, а во 1994 година само 16 жители, од кои осум биле Македонци, а осум жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 5 жители, од кои 2 Македонци и 3 Македонски Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 554 247 184 190 136 78 24 16 5 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Крушевица е македонско село, во минатото главно населено со муслимански родови.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[3]

  • Староседелци: Анџаковци (3 к.), Тајровци (3 к.), Муратовци (2 к.), Дервишовци (1 к.), Диковци (1 к.), Бимановци (5 к.), Какалевци (2 к.), Ѓоровци (1 к.), Дроплејци (2 к.), Муничевци (1 к.), Кордевци (2 к.), Годевци (3 к.), Сејмаковци (2 к.), Адиковци (2 к.), Џеферовци (2 к.), Музуровци (1 к.), Ѓенишовци (2 к.), Нолбантиновци (1 к.), Фазлијовци (1 к.), Даглевци (2 к.), Селманиковци (4 к.), Мирназовци (1 к.), Курнишовци (1 к.), Дураковци (6 к.), Абазовци (2 к.), Кусевци (8 к.), Вакофци (3 к.), Зулферковци (3 к.), Оџевци (7 к.), Пејзовци (6 к.), Синановци (2 к.) и Салчевци (2 к.), сите родови во селото биле муслимани.

Потоа уследило иселување на муслиманите во Турција и доселување на српски колонисти и Македонци.

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Крушевица било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Крушевица се наоѓале селата Камен Дол, Манастирец, Паликура, Рибарци, Росоман, Сирково и Трстеник. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долно Чичево, во која влегувале селата Водоврати, Долно Чичево, Горно Чичево, Крушевица и Подлес.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0717 според Државната изборна комисија, сместенo во просториите на основното училиште на селото Сирково.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 471 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

Реки[14]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 166. Посетено на 27 јануари 2025.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 459-460.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 153.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2025.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 27 јануари 2025.
  14. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 40. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya