Рибарци (Тиквешко)За други истоимени места, погледајте Рибарци.
Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци. Потекло и значење на името![]() Првпат името на селото било запишано како Рибарци во турски документи во XV век. Името веројатно доаѓа од занимањето рибар, образувано со суфиксот -ци, што може да се поврзе со близината на Црна Река,.[2] или пак од топонимот Рибари со суфиксот -ци, што означува „луѓе што живеат на месноста Рибари“. Како трета варијанта се споменува семејното име Рибарци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во источниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, од десната страна на реката Црна, недалеку од нејзиниот влив во Вардар. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Неготино.[4] Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 150 метри.[4] Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 3 километри источно од општинскиот центар Росоман. До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1107, кој поминува во непосредна близина на самото село. Селото се наоѓа на десниот брег на реката Црна. Во селото има чешма, чија води доаѓа директно од самиот извор.[2] Селото има збиен тип. Откако било запалено во 1913 година, куќите се поделиле во две маала: Горно и Долно.[2] ИсторијаПодрачјето на Рибарци е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Грамаѓе, кое се наоѓа на 2 километри источно од селото.[5] Селото се верува дека било старо, но старото население му се изгубило. Од тоа население има стари гробишта, а во месноста Бунар има селиште.[2] Стопанство![]() Атарот на селото зафаќа простор од 6,7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 538 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[4] Во отоманскиот период, мештаните биле земјоделци. Тие работеле како чифлигари на чифлиг во посед на бегови од Кавадарци. Покрај ова, селаните ловеле риба од Црна, која ја продавале на пазарот во Кавадарци.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рибарци имало 136 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8] Селото е мало, во фаза на раселување и е населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 189, а во 1994 година само 39 жители.[4] Според пописот од 2002 година, во селото живеел 41 жител, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 27 Македонци, 1 Србин и 1 останат. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРибарци е македонско село. Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[2]
Самоуправа и политика![]() На крајот од XIX век, Рибарци било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Рибарци се наоѓале селата Камен Дол, Крушевица, Манастирец, Паликура, Росоман, Сирково и Трстеник. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Манастирец, Рибарци и Трстеник. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0714 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на продавницата.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[16] ЛичностиЛичности родени во Рибарци:
Културни и природни знаменитости![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia