Трстеник (Тиквешко)За други истоимени места, погледајте Трстеник.
Трстеник — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци. Потекло и значење на иметоСелото првпат се споменува во XVI век (1568 г.) под истото име во турски документи. Се претпоставува дека доаѓа од трст, трска со значење „река обрасната со трски или вода што тече меѓу трски“.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, непосредно до реката Црна.[3] Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 140 метри.[3] Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 17 километри северозападно од градот Кавадарци и 7 километри јужно од општинскиот центар Росоман. До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3. Селото се наоѓа на ниска тераса на десниот брег од Црна Река, при излезот на малата клисура. Во минатото, водата за пиење доаѓала од реката.[4] Селото има збиен тип.[4] ИсторијаПодрачјето на Трстеник е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Макарија на 1 километар југозападно од селото. Денешното село датира од средниот век судејќи по остатоците од тоа време најдени на сретселото.[5] Во селото постоела Илимска (Елинска) црква, којашто била подигната во XIV век. По градба била мала и постоела и во XVIII век.[3] Таа се наоѓала во малата клисура кај Трстеничките Стени.[4] Денес, на тоа место се наоѓа манастирската црква „Св. Петка“. За време на отоманскиот период, селото претставувало чифлиг со 30 христијански куќи, кое било уништено во Балканските војни. Во 1922 година било обновено од страна на српските колонисти.[4] Стопанство![]() Атарот на селото зафаќа простор од 6,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 409 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 175 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трстеник живееле 140 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7] Во 1961 година, селото имало 326 жители, од кои 307 биле Македонци и 14 жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 248 жители, од кои 238 биле Македонци и девет жители Срби.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живеел 246 жители, од кои 239 Македонци и 7 Македонски Срби.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 199 Македонци, 3 Срби и 7 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТрстеник е македонско село, во кое во минатото биле населени српски колонисти. Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[4]
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Трстеник било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Трстеник се наоѓале селата Камен Дол, Крушевица, Манастирец, Паликура, Рибарци, Росоман и Сирково. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Манастирец, Рибарци и Трстеник. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0716 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 171 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia