Манастирец
Манастирец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци. Потекло и значење на иметоСелото го добило името по манастириштето „Св. Петар“,[2] кое денес е обновено како нов манастир „Св. Петар и Павле“. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, непосредно до реката Црна.[3] Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 145 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.[3] Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 4,5 километри јужно од општинскиот центар Росоман. До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3. Железничката пруга до комбинатот „ФЕНИ“ поминува покрај селото. Селото се наоѓа на десниот брег од Црна Река, под падината на Љубеш. Во селото има чешма со вода од Хусков Рид над селото.[2] Селото има мешан тип, поделено во минатото на два дела Турско и Рисјанско Маало со џамија на Сретсело.[2] ИсторијаПодрачјето на Манастирец е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Хусков Рид над селото.[4] Староседелците дошле од Старо Село под Љубеш кон крајот на XVII век. Откако селото било потурчено, во 1764 година во селото била подигната џамија. Поголемиот дел од староседелците изумреле од чума. Подоцна бил основан чифлиг, кој го присвоиле Синановци.[2] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 11,6 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 686 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на шумите само 20 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работела земјоделска задруга и услужни објекти.[3] Мештаните се занимавале со земјоделство. Христијаните работеле како чифлигари. Во селото имало чифлиг, кој бил ограден со ѕид.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Манастирец живееле 188 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец имало 72 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7] Селото е средно по големина, коешто во 1961 година броело 489 жители, од кои 455 биле Македонци, 14 Срби, 4 Турци и 14 жители неопределени, а во 1994 година 339 жители, од кои 319 биле Македонци, а 20 жители Срби.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живеел 321 жител, од кои 315 Македонци и 6 Македонски Срби.[8] Според пописот од 2021 година селото живееле 268 жители, од кои 249 Македонци, 1 Албанец, 12 Срби и 6 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМанастирец е македонско село. Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[2]
Општествени установи
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Манастирец било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Манастирец се наоѓале селата Камен Дол, Крушевица, Паликура, Рибарци, Росоман, Сирково и Трстеник. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Манастирец, Рибарци и Трстеник. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0715 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 258 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 259 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спортФудбалскиот клуб Љубаш се натпреварува во општинската лига на Кавадарци. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia